Book of Common Prayer
Почитување на државната власт
13 Почитувајте ја државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и државната власт е воспоставена од Бог. 2 Оној што се противи на институцијата државна власт, се противи на уредба воспоставена од Бог и ќе биде казнет. 3 Органите на власта не се закана за добрите, туку за лошите луѓе. За да не се плашите од властите, правете добро и тие ќе ве пофалат. 4 Власта е во служба на Бог и нејзина должност е да работи за твое добро. Ако правиш зло - има причина да се плашиш, зашто ќе бидеш казнет! Власта е во служба на Бог и остро ги казнува оние што прават зло. 5 Затоа, треба да ја почитуваш државната власт, не само за да не бидеш казнет, туку и да имаш чиста совест.
6 Затоа треба да плаќате и даноци. Извршителите на власта се во служба на Бог и треба да бидат платени за она што го работат. 7 Затоа, давајте им го она што им припаѓа. Плаќајте ги даноците и царините, имајте страхопочит спрема властите, укажувајќи им чест кога заслужуваат.
Воспоставување на Господовата Вечера (Причест)
(Мк. 14:22-26; Лк. 22:14-23; 1. Кор. 11:23-25) 26 Додека вечераа, Исус зеде леб, го благослови и го раскрши. Потоа им даваше на учениците и им говореше: „Земете и јадете; ова го претставува Моето тело“. 27 Потоа зеде чаша со вино, Му се заблагодари на Бог, им ја подаде чашата на Своите ученици и им рече: „Земете и пијте сите; 28 ова ја претставува Мојата крв - крв на Божјиот завет со вас - крв што се пролева за простување на гревовите на многу луѓе. 29 Ви кажувам дека отсега нема веќе да пијам од лозовиот род, се до денот кога одново ќе пијам со вас, во Царството на Мојот Татко.“ 30 Потоа испеаја псалми и отидоа на Маслиновата Гора.
Петар се заветува на верност
(Мк. 14:27-31; Лк. 22:31-34; Јвн. 13:36-38) 31 Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Во текот на оваа ноќ сите вие ќе Ме напуштите, како што е претскажано во Светото Писмо:
,Ќе удрам по Пастирот,
и овците ќе се разбегаат[a]!‘
32 Но кога ќе воскреснам, ќе ве чекам во Галилеја.“
33 Петар Му рече: „Дури и ако сите други Те остават, јас никогаш нема да Те оставам!“ 34 Исус му одговори: „Те уверувам дека уште ноќва, пред да пропеат петлите, трипати ќе одречеш дека си Мој следбеник!“ 35 Но Петар пак Му рече: „Дури и ако треба да загинам со Тебе, јас нема да одречам дека сум Твој следбеник!“ Истото го велеа и сите други ученици.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest