Book of Common Prayer
28 Бидејќи тие одбија да го прифатат Бога во своите умови, Тој ги препушти на нивните изопачени умови, да прават непристојни работи. 29 Се исполнија со секаков вид неправедност, лошотија, алчност, злоба, завист, убиства, раздор, измама, подмолност и озборувања. 30 Клеветат, Го мразат Бога, дрски се, арогантни, фалбаџии, постојано измислуваат нови начини да направат некое зло. Непослушни се спрема родителите, 31 неразумни, ветеното не го исполнуваат, бездушни се и безмилосни. 32 Иако знаат дека според Божјиот праведен Закон сите што така постапуваат заслужуваат смрт, сепак, не само што си тераат по свое, туку ги поттикнуваат и другите така да прават.
Сите сме виновни пред Бог
2 Затоа, ниеден човек нема оправдување! Дури ни тој што ги осудува таквите постапки, зашто и самиот е виновен за нив. Тој што им пресудува на другите си пресудува и себеси! 2 Знаеме дека Бог е справедлив и ќе ги казни сите што прават такви работи. 3 Немој да мислиш дека Бог ќе ги казни другите луѓе за нивните грешни постапки, а ти за слични постапки ќе ја избегнеш Божјата казна! 4 Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш!
5 Ако останеш тврдоглав и не се покаеш, си собираш гнев против себе со кој Бог справедливо ќе те казни на Судниот ден, 6 кога Бог на секого ќе му плати според неговите дела[a]. 7 На оние што истрајуваат во вршењето добри дела, и во копнежот по небесна слава, чест и бесмртност, Бог ќе им даде вечен живот, 8 а врз оние што се себични, што одбиваат да ја слушаат вистината, а го следат злото, Бог ќе излее гнев и лутина. 9 Маки и страдања ќе има за сите што прават зло, прво за Евреите, а потоа и за другите народи, 10 а слава, чест и мир за сите што прават добро, прво за Евреите, а потоа и за другите народи. 11 Кај Бог нема пристрасност!
Кој ќе биде најголем во небесното царство?
(Мк. 9:33-37; Лк. 9:46-48) 18 Во тоа време учениците дојдоа кај Исус и Го прашаа: „Кој од нас ќе биде најголем во небесното царство?“ 2 Исус повика кај Себе едно детенце, го исправи пред нив 3 и им рече: „Ве уверувам дека, доколку не се покаете и не станете како малите деца, нема ни да влезете во небесното царство! 4 Најголем во небесното царство е оној што ќе се понизи и ќе биде како ова детенце. 5 И кој ќе прими едно вакво детенце во Мое име, Мене ме прима.“
Опомена против наведување на невера
(Мк. 9:42-48; Лк. 17:1-2) 6 „Ако некој биде причинител за отстапување[a] од верата во Мене на едно од овие најмаливе, подобро би му било да си стави воденички камен околу вратот и да се удави на дното од морето! 7 Страшно е што на светот има причинители[b] поради кои луѓе отпаѓаат од верата. Навистина, такви секогаш има, но тешко си му на оној преку кого причините за невера доаѓаат!“
8 „Ако твојата рака или нога те наведува на грев - отсечи ја и фрли ја! Подобро е да влезеш во вечниот живот со една рака или со една нога, отколку со двете да завршиш во вечниот оган! 9 Или, ако твоето око те наведува на грев - извади го и фрли го! Подобро е да влезеш во вечниот живот, макар и со едно око, отколку со две очи да бидеш фрлен во огнениот пекол!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest