Book of Common Prayer
Да се живее со помош на Светиот Дух
16 Сакам да ви го кажам следново: дозволете Светиот Дух да ве раководи и нема да им подлегнувате на грешните телесни похоти. 17 Грешните телесни похоти се противат на дејствувањето на Светиот Дух, а Светиот Дух се противи на дејствувањето на грешните телесни похоти. Овие две сили се борат една против друга. Тоа значи дека нема да можете да правите се што ќе посакате. 18 Но ако сте водени од Светиот Дух, значи дека вие веќе не сте под Законот.
19 Делата на грешната телесна природа се видливи: блуд, погани работи, разврат, 20 идолопоклонство, вражање, омрази, кавги, љубомора, гнев, себичност, поделби, ереси, 21 завист, пијанство, развратни гозби и слични нешта за кои веќе порано ве предупредив. Како што веќе ви зборував, оние што прават такви нешта нема да го наследат Божјото царство.
22 Од друга страна, ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност, 23 кроткост и самоконтрола[a]. Не постои закон што е против вакви нешта.
24 Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти.
13 Пристигнувајќи во околината на градот Цезареја Филипова, Исус ги запраша Своите ученици: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“ 14 А тие одговорија: „Едни велат дека Си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека Си пророкот Еремија или еден од пророците.“ 15 „А за кого Ме сметате вие?“- ги праша Исус. 16 Симон Петар прв се произнесе:
„Ти Си Месијата[a] - Синот на живиот Бог!“ 17 Тогаш Исус му рече: „Ти си благословен, Симоне, сине Јованов! Зашто ова сознание не ти е објавено од човек[b], туку од Мојот небесен Татко! 18 Затоа Јас ти велам: ,Ти си Петар‘ (што значи ,карпа‘), и врз оваа карпа Јас ќе ја изградам Мојата Црква, така што ни адските порти не ќе можат да го запрат нејзиниот пробив! 19 И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство: тоа што ќе го затвориш на Земјата ќе биде затворено и на небесата; а тоа што ќе го отвориш на Земјата, ќе биде отворено и на небесата.“ 20 Потоа им заповеда на Своите ученици никому да не кажуваат дека Тој е Месијата.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest