Book of Common Prayer
18 Ги повикаа апостолите внатре и им наредија ништо да не зборуваат за Исус, ниту да поучуваат во Негово име.
19 Но Петар и Јован им одговорија: „Самите проценете, дали Бог ќе се согласи повеќе да ве слушаме вас отколку Него!? 20 Не можеме да молчиме за она што го видовме и чувме!“
21 Членовите на Народниот совет им се заканија, но сепак ги ослободија. Не можеа да најдат ништо за што би можеле да ги казнат. А се плашеа дека и народот ќе крене бунт, зашто сите Го славеа Бога за чудото што се случи:
Молитва за смелост наспроти прогонствата
23 Веднаш штом беа ослободени, Петар и Јован се вратија меѓу своите пријатели христијани и им кажаа за се што им рекоа свештеничките поглавари и старешините. 24 Кога го чуја тоа, сите сложно повикаа кон Бог и рекоа: „Семоќен Господару, Создателе на небото и Земјата, на морињата и на сите суштества во нив! 25 Ти, преку Светиот Дух, го поттикна нашиот прататко Давид да ги искаже следниве стихови:
,Зошто беснеат паганските народи,
луѓето коваат залудни завери?
26 Цареви по Земјата се креваат
и владетели се здружуваат,
против Господ и против Неговиот Помазаник[a].‘
27 Токму тоа се случи овде, во овој град: царот Ирод Антипа, гувернерот Понтиј Пилат, пагани и Израелци, се здружија против Исус, Твојот свет Слуга, Кого Ти Го определи за Месија. 28 Но се што сторија тие претставува исполнување на она што го определија Твојата рака и Твојата мудрост. 29 Ги гледаш сега, Господе, нивните закани! Дај им на Своите слуги смелост да ја проповедаат Твојата порака! 30 Испружи ја раката Твоја за да исцелуваш, да даваш видливи докази, чуда да се случуваат во името на Твојот свет Слуга Исус!“
31 Штом се помолија, местото на кое беа собрани се затресе и сите се исполнија со Светиот Дух, па со смелост продолжија да ја проповедаат Божјата порака.
Христијански комуни
32 Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како за лична сопственост, туку се им беше заедничко. 33 Апостолите со голема смелост сведочеа за воскресението на Господ Исус, и Бог спрема сите нив беше многу благонаклонет.
19 Жената Му рече: „Господине, гледам дека си пророк! 20 Кажи ми, зошто вие Евреите велите дека Ерусалим е единственото место каде што треба да му се поклонуваме на Бог, додека ние Самарјанците сметаме дека тоа е гората Геризим, каде што се поклонуваа и нашите предци?“
21 Исус и рече: „Верувај ми, жено, дека доаѓа време кога нема да биде важно дали Му се поклонувате на небесниот Татко во Ерусалим или на оваа гора. 22 Вие Самарјанците не Го познавате Оној на Кој Му се поклонувате. А ние Евреите знаеме на Кого Му се поклонуваме, бидејќи спасението[a] доаѓа преку Евреите. 23 Но доаѓа време, и веќе е дојдено, кога вистинските поклоници ќе бидат воведени во вистината од Божјиот Дух и ќе Му се поклонуваат на небесниот Татко онака како што тоа го сака небесниот Татко. 24 Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат мораат да го прават тоа сходно со вистината која им ја открива Божјиот Дух.“
25 Жената му рече: „Знам дека треба да дојде Месијата, Помазаникот[b]. Кога ќе дојде, Тој ќе ни објасни се.“
26 „Тоа Сум Јас - Овој што сега разговара со тебе!“ - и рече Исус.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest