Book of Common Prayer
11 Сега и Исус, и оние што ги освети, имаат еден ист небесен Татко. Затоа Исус не се срами да ги нарече браќа, 12 кога на Бог Му се обраќа со следниве зборови:
„Твоето име меѓу браќата ќе Го проповедам,
и сред собранието ќе Те прославувам[a]!“
13 А го рече и следното:
„Во Бога ќе ја положам Својата доверба.“
И потоа: „Еве Ме заедно со чедата што Ми ги даде Бог[b]!“
14 Бидејќи „чедата“ - како што Тој ги нарече - се луѓе од крв и месо, и самиот Исус стана како нив, со цел преку Својата смрт да го уништи Ѓаволот, кој ја има власта над смртта, 15 и да не ослободи сите нас, кои цел живот живееме како робови на стравот од смртта.
16 Јасно е дека Исус не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авраамовите потомци[c]. 17 Затоа, Тој мораше во се да стане сличен на Своите „браќа“, за да стане нивни верен и милостив Првосвештеник пред Бог. Така можеше да принесе жртва што ќе ги отстрани гревовите на луѓето. 18 Сега, кога и Тој помина низ страдања и искушенија, може да ни помага кога ние минуваме низ искушенија.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest