Book of Common Prayer
Како треба да Му се служи на Бог
2 Како прво, ве поттикнувам да се молите за сите луѓе. Барајте од Бог да им помогне и да ги благослови, а потоа заблагодарувајте Му се за сите нив. 2 Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да имаме мирен и тивок живот, исполнет со побожност и достоинство. 3 Ваквите молитви се добри и Бог, нашиот Спасител, ги прифаќа. 4 Тој сака сите да се спасат и да ја сфатат вистината, а тоа е дека 5 постои само еден Бог и постои само Еден што може да посредува меѓу Бог и луѓето: тоа е човекот Исус Христос. 6 Тој го даде Својот живот за да се откупи слобода за секој човек. Бог му ја упати оваа порака на светот во вистинско време.
Исус објаснува: срцата се како почва
(Мк. 4:13-20; Лк. 8:11-15) 18 „Чујте го сега значењето на споредбата со сејачот.
19 Тврдата почва покрај патот ги претставува оние луѓе што ја слушаат пораката за небесното царство, но не се трудат да ја разберат. Ѓаволот[a] доаѓа и го отстранува посеаното кај нив.
20 Каменестата почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака и со задоволство ја примаат; 21 меѓутоа, бидејќи таа во нив не се закоренува, тие остануваат верници само за кратко: штом надојдат неволи или прогонства поради верата во Божјата порака, тие веднаш се откажуваат.
22 Трнливата почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака, но прекумерната грижа за овој живот, како и занесот по збогатување ја задушуваат пораката во нив и тие остануваат бесплодни.
23 Плодната почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака и се трудат да ја разберат. Тоа семе ќе донесе плод: некаде по сто, некаде по шеесет, а некаде по триесет зрна.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest