Book of Common Prayer
Настани што ќе му претходат на второто доаѓање
на Господ Исус: појавата на Антихристот
2 Нашиот Господ Исус Христос ќе се врати и ќе не прибере кај Себе. Затоа ве молам, драги пријатели христијани, 2 не дозволувајте лесно да ве поколебаат, ниту да ве вознемират луѓето што тврдат дека Господ веќе се вратил. Тие можеби ќе тврдат дека тоа го дознале преку духовна објава, дека слушнале од некој друг, или дека тоа го прочитале во некое од нашите писма. 3 Не дозволувајте да ве измамат! Тој ден нема да дојде пред луѓето масовно да отпаѓаат од верата и пред да се појави Човекот на гревот и уништувањето[a]. 4 Тој самиот себе ќе се возвишува и ќе се противставува на се што е Божјо и свето. Дури ќе се осмели да седне во Божјиот храм и да тврди дека тој е Бог. 5 Зарем не се сеќавате дека ви го зборував ова додека бев кај вас? 6 Вие знаете што е тоа што го спречува Злиот да се појави, се додека не дојде времето тој да настапи во јавноста.
7 Неговата зла сила веќе подмолно дејствува, но има некој што го задржува и така ќе биде се додека тој не му се тргне од патот. 8 Тогаш Човекот на гревот ќе се појави, а Господ Исус со Својот здив ќе го убие, ќе го уништи при Своето повторно доаѓање.
9 Тој зол човек ќе дојде за да ги изврши делата на Сатаната: со сета своја сила ќе покаже лажни[b] чудотворни знаци. 10 Со своите зли дела ќе успее да ги измами оние што одат по патот кој води во пропаст, зашто одбија да ја засакаат вистината и така да се спасат. 11 Затоа Бог им испраќа една толку уверлива измама, што ќе поверуваат во сите тие лаги. 12 Тогаш сите тие ќе бидат казнети, бидејќи, наместо да поверуваат во вистината, тие уживаа да прават зло.
Верните треба да останат непоколебливи
13 Чувствуваме обврска постојано да Му бидеме благодарни на Бог за вас, драги пријатели христијани, вас што Господ ве засака. Тој ве одбра да се спасите меѓу првите[c], така што Светиот Дух ве посвети, а вие поверувавте во вистината. 14 Преку нашето проповедање на Радосната вест Бог ве повика да се спасите. Сега можете и вие да се придружите кон славата на нашиот Господ Исус Христос.
15 Затоа, драги пријатели христијани, бидете непоколебливи и држете се цврсто до она што ве учевме лично и преку нашите писма.
16 А сега, нашиот Господ Исус Христос и Бог Таткото, Кој не сака и ни даде трајна утеха и прекрасна надеж со Својата благонаклоност спрема нас, 17 нека ви ги насрчат срцата и нека ви дадат сила постојано да го зборувате и да го правите она што е добро.
Не бидете критични, туку самокритични
(Лк. 6:37-38; 41-42) 7 „Не осудувајте други, па и вие нема да бидете осудувани. 2 Зашто, како што ќе судите вие, така и вам ќе ви биде судено; со каква мера ќе мерите, со таква и вам ќе ви се мери. 3 Не гледај ја раската во окото на твојот ближен, туку гледај ја гредата во сопственото око! 4 Како можеш да му кажеш на својот ближен: „Дај да ти ја извадам раската од окото“, кога ти не ја гледаш гредата во сопственото око!? 5 Тоа е лицемерство! Отстрани си ја најнапред гредата од сопственото око, па ќе можеш добро да гледаш за да ја отстраниш раската од окото на твојот ближен!“
6 „Не давајте им го на пците тоа што е свето; не фрлајте бисери пред свињи, зашто тие ќе ги изгазат, а пците, пак, и врз вас ќе се нафрлат!“
Молете, барајте и чукајте
(Лк.11:9-13) 7 „Молете и ќе добиете; барајте и ќе најдете; почукајте и ќе ви биде отворено, 8 бидејќи, секој што моли - ќе добие; оној што бара - ќе најде; на оној што чука - ќе му биде отворено. 9 Има ли меѓу вас некој, кој на својот син би му дал камен, ако тој моли за леб? 10 Или да му подаде змија, ако тој моли за риба!? 11 Па, кога вие, коишто сте грешни, знаете да им давате добри подароци на своите деца - колку повеќе и подобри нешта ќе добие од својот небесен Татко оној што ќе Го замоли!“
Златното правило на животот
(Лк. 6:31; Рим. 13:8-10; Гал. 5:14) 12 „Постапувајте со луѓето онака како што сакате тие да постапуваат со вас - тоа е суштината на Мојсеевиот Закон и на она што го проповедаа пророците.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest