Book of Common Prayer
4 За крај, драги пријатели, сега кога Му припаѓате на Господ Исус, ве молиме и ве повикуваме да живеете богоугодно, онака како што ве учевме. Вие веќе сега живеете така, но трудете се уште повеќе. 2 Потсетувајте се на упатствата што ви ги дававме како на следбеници на Господ Исус. 3 Бог сака вие да бидете свети - да се чувате од блуд. 4 Секој треба да умее да го контролира своето тело[a], за да биде свето и за почит. 5 Немојте да им робувате на вашите необуздани страсти, како што прават луѓето што не Го познаваат Бога.
6 Во однос на ова прашање, никако не смеете да мамите и искористувате други христијани! Потсетете се, веќе ве предупредивме дека Господ ќе го казни секој што така прави. 7 Бог не ве одбра за да живеете валкан живот, туку за да бидете свети. 8 Секој што не се придржува кон ова, не е непослушен спрема нас, туку спрема Бог, спрема Оној што ни Го дава Својот Свет Дух.
9 Нема потреба да ви пишувам дека треба да се сакате еден со друг. Самиот Бог веќе ве научи како да се сакате, 10 и вие веќе ја покажавте својата љубов спрема сите христијани во цела Македонија. Сакам само да ве охрабрам, драги пријатели, таа љубов кај вас уште повеќе да расте. 11 Трудете се да живеете тивко, да си ја гледате својата работа, да си заработувате за живејачка, како што и ве учевме. 12 Така и тие што не се христијани ќе ве почитуваат, а вие нема да зависите од никого.
За одмаздувањето
(Лк. 6:29-30; Рим. 12:7; 1Кор. 6:7; 1Пет. 3:9; 5Мојс. 15:8) 38 „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано вака:
,Око за око, заб за заб[a].‘
39 Јас, пак, ви велам: ,Не возвраќајте им на оние што ви прават зло! Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот. 40 Ако некој те тужи за да ти ја земе кошулата, дај му го и палтото. 41 Ако некој те присили да му ги носиш торбите еден километар, ти носи му ги два километри. 42 Кога некој ќе запроси нешто од тебе - дај му; и не одбивај човек што бара да позајми нешто од тебе.‘“
За непријателите
(Лк. 6:27-28, 32-36) 43 „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано и ова:
,Сакај ги своите ближни, а мрази ги своите непријатели[b].‘
44 Јас, пак, ви велам: ,Покажувајте љубов и спрема своите непријатели и молете се за доброто на оние што ве прогонуваат; 45 на тој начин вие ќе се однесувате како деца на вашиот небесен Татко, чие сонце изгрева и за лошите и за добрите. Тој им испраќа дожд и на праведните и на неправедните. 46 Зашто, ако ги сакате само оние кои вас ве сакаат, тогаш, каква награда очекувате за тоа? Та, зар не го прават тоа и подмитливите собирачи на данок[c]!? 47 И ако сте љубезни само спрема своите ближни, тогаш, по што се разликувате од другите луѓе? Та, тоа го прават и паганите! 48 Вие треба да се однесувате совршено исто како што се однесува вашиот небесен Татко!‘“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest