Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
1 Солунците 1

Прво писмо од апостол Павле

до христијаните во

Солун

Авторство и поздрави

Од Павле, Силван и Тимотеј

до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог Таткото и на Господ Исус Христос.

Бог нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.

Примерната вера на солунските христијани

Постојано Му заблагодаруваме на Бог за сите вас и секогаш ве спомнуваме во нашите молитви. Си спомнуваме пред Бог, нашиот Татко, како се покажа вашата вера на дело, како работите со љубов и колку трпеливо се надевате на нашиот Господ Исус Христос.

Знаеме, драги пријатели, дека Бог вас ве сака и дека ве одбра да бидете Негов народ, затоа што Радосната вест не ви ја проповедавме само преку зборови, туку бевте сведоци на огромна сила: Светиот Дух наполно ве увери дека тоа што ви го говоревме е вистина. Вие знаете како живеевме додека бевме кај вас. Тоа беше дополнителен доказ дека нашата порака е искрена. Вие сега се однесувате онака како што се однесуваме ние и како што се однесува Господ, па, иако многу настрадавте, со радост ја прифативте пораката што доаѓа од Светиот Дух.

Така им станавте пример на сите христијани во Македонија и Ахаја. Не само што од вас почна да се шири пораката Господова во Македонија и Ахаја, туку за вашата вера насекаде се раскажува! Нема никаква потреба ние за тоа да зборуваме. Самите луѓе раскажуваат за вас, како сте ги пречекале, како сте се обратиле кон Бог и сте престанале да им служите на идолите, за да Му служите на вистинскиот, на живиот Бог; 10 и како го чекате Неговиот Син Исус да дојде од небото. Него Бог Го воскресна од мртвите и Тој не избави од Божјиот гнев што ќе дојде.

Матеј 5:11-16

11 Благословени сте и вие ако ве навредуваат и прогонуваат поради тоа што сте Мои следбеници и ако изнесуваат злобни лаги против вас. 12 Радувајте се и ликувајте, зашто на небото ве чека голема награда; така беа прогонувани и Божјите пророци кои живееја пред вас.“

Сол и светлина на светот

(Мк. 9:50; Лк. 14:34-35) 13 „Вие сте во улога на сол на Земјата; ако солта стане блуткава, како ќе и се врати солениот вкус? Таа ќе стане безвредна - ќе биде фрлена да ја газат луѓето.

14 Вие сте во улога на светлина на светот, како осветлен град изграден на врв планина, за сите да го гледаат. 15 Никој не пали свеќа за да ја покрие со капак, туку ја става на свеќник, за да им свети на сите во куќата. 16 Така и вие бидете светлина пред луѓето, нека видат добри дела во вас, па ќе Го слават вашиот небесен Татко.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest