Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Колошаните 2:8-23

Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи[a], а не од Христос, зашто Бог во целост е присутен во Христос[b] во облик на човечко тело, 10 па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него. Тој е Господар[c] над сите сили и власти. 11 Преку духовно обрежување, Христос ја отстрани од вас вашата грешна природа, исто како што при телесното обрежување се отстранува едно делче од телото. 12 Кога се крстивте, вие всушност се погребавте со Христос, а потоа воскреснавте, бидејќи верувавте во Божјата сила што Го воскресна Христос од мртвите. 13 Вие бевте мртви поради гревовите во вас, зашто вашата грешна природа не беше отстранета од вас. Но Бог ве оживеа, заедно со Христос! Тој ни ги прости сите наши гревови.

14 Бог ја избриша обврзницата со нашите долгови, според чии одредби ние бевме должници. Тој ја зеде и ја уништи, приковувајќи ја на Христовиот крст. 15 Така Бог ги разоружа сите зли владетели и власти, и јавно ги посрамоти, поразувајќи ги со Христовата жртва на крстот.

16 Затоа, не дозволувајте никој да ве обвинува за она што го јадете и пиете[d], за тоа дали ги славите празниците, дали ја славите Младата месечина и саботата. 17 Тие нешта беа само сенка на она вистинското што требаше да дојде, а тоа е Христос.

18 Не дозволувајте да ве тераат да се самопонижувате и да обожавате ангели, дури и ако тврдат дека за тоа добиле виденија. Тие луѓе се прават многу понизни, но нивните грешни умови се полни со суета и горделивост. 19 Тие веќе не се поврзани со Христос, Кој е глава на телото. Тој му дава сила на телото, и преку неговите жили и лигаменти го држи цврсто обединето. Тоа духовно тело може да расте само ако се храни од Бог.

20 Вие умревте со Христос и ослободени сте од начинот на кој живеат световните луѓе. Зошто тогаш дозволувате да ви наметнуваат вакви догми: 21 „Тоа не смее да се фаќа[e]!“, „Тоа не смее да се јаде!“, или „Тоа не смее ни да се допре!“? 22 Тоа се само уредби и учења наметнати од луѓе, а се однесуваат на распадливи нешта, на работи што ги употребуваме[f]. 23 Иако на прв поглед се чини мудро да се придржувате до тие правила, бидејќи повикуваат на побожност, понизност и строгост спрема телото, со нив не можат да се победат грешните телесни страсти[g].

Матеј 4:12-17

Почеток на Исусовата служба

(Мк.1:14-15; Лк.4:14-15) 12 Кога Исус разбра дека го уапсиле Јован Крстител, се повлече од Јудеја во Галилеја. 13 Тој се исели од Назарет и се насели во Кафарнаум, покрај Галилејското Езеро, на територијата на потомците на Зевулун и Нафтали. 14 Тогаш се исполни претскажаното од пророкот Исаија, кој рече:

15 „Во земјата на Зевулун и Нафтали, крај морето, отаде реката Јордан, во Галилеја, каде што живеат луѓе кои не Го познаваат Бога, 16 народот кој живее во мрак ќе види големо Светило; светлина ќе ги осветли луѓето што живеат во земјата каде што смртта надвиснува со својата сенка.“

17 Оттогаш Исус започна да проповеда, зборувајќи: „Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest