Book of Common Prayer
Христос е над с
е 15 Христос е видлива слика на невидливиот Бог.
Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал.
16 Преку Христос Бог ги создаде сите нешта
и на небото и на Земјата:
тоа што се гледа и тоа што не се гледа,
сите престоли и власти,
сите владетели и властодршци,
се беше создадено преку Него и за Него.
17 Тој постои пред се и ги одржува сите нешта.
18 Христос е глава на Црквата, која е Негово тело.
Тој е Почетокот, прв[a] што воскресна од мртвите,
19 зашто Бог одбра во Него
во целост да се всели Божјата природа
20 и преку Него да ги помири со Себе сите,
било да се на Земјата, или на небото,
воспоставувајќи мир преку Својата крв, пролеана на крстот.
21 Тоа ве вклучува и вас што порано бевте отуѓени од Бог и Му бевте непријатели, и во мислите и на дело. 22 Сега, преку телесната смрт на Неговиот Син, Тој ве помири со Себе. Затоа Христос ќе ве претстави пред Бог како свети, непорочни и беспрекорни. 23 Се разбира, ако докрај продолжите да верувате цврсто и непоколебливо, и не отстапите од надежта што ја дава Радосната вест што ја чувте. Јас, Павле, добив задача од Бог да им ја проповедам таа Радосна вест на сите луѓе под небесниот свод.
Крштавањето на Исус
(Мк.1:9-11; Лк.3:21-22) 13 Во тоа време, од Галилеја дојде Исус да се крсти кај Јован, во реката Јордан. 14 А Јован го одвраќаше, велејќи Му: „Ти треба да ме крстиш мене, а не јас Тебе!“ 15 Но Исус му рече: „Така треба да биде сега, зашто ние треба да исполнуваме се што е правилно.“ Тогаш Јован се согласи и Го крсти.
16 И тукушто се крсти Исус и излегуваше од водата, наеднаш небото се отвори и Јован го виде Божјиот Дух, во облик на гулаб, како слегува и се спушти над Исус. 17 Се чу и глас од небото, кој рече: „Ова е Мојот Син - Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest