Book of Common Prayer
14 Затоа, драги мои, пазете се од идолопоклонство. 15 Вие сте разумни луѓе и самите можете да расудите за ова што ќе ви го кажам. 16 Кога на Господовата вечера[a] пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело? 17 Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело.
27 Секој што недостојно јаде од лебот или пие од чашата Господова, виновен е за непочитување на телото и крвта на Господ. 28 Секој прво нека се преиспита, а потоа нека јаде од лебот и нека пие од чашата принесена како Господова спомен-вечера. 29 Зашто, оној што зема учество во спомен-вечерата Господова, а нема правилна вера, разбирање и почит спрема телото на Господ, си навлекува осуда врз себе! 30 Затоа меѓу вас има многу слаби и болни, а некои дури и починаа.
31 Кога самите себеси би се преиспитувале, не би биле казнувани. 32 А кога Господ не кара и казнува, тоа е за да не поправи, па да не бидеме осудени заедно со неверничкиот свет.
4) Пасхалната вечера на Исус со учениците
(Мт. 26:17
-25; Лк. 22:7-14, 21-23; Јвн. 13:21-30) 12 На првиот ден од празникот Бесквасници, кога се колеа пасхалните јагниња, учениците Го прашаа Исуса: „Каде би сакал да ја подготвиме пасхалната вечера?“
13 Исус им рече на двајца од Своите ученици: „Отидете во градот[a]. Таму ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Тргнете по него. 14 Кога ќе влезе во куќата, речете му на домаќинот: ,Нашиот Учител прашува во која соба ќе може да ја одржи пасхалната вечера со Своите ученици?‘ 15 Домаќинот ќе ви покаже една голема соба, на горниот кат, послана и подготвена. Пригответе ја вечерата таму.“
16 Двајцата ученици отидоа во градот и најдоа сe онака како што им беше рекол Исус. Таму ја приготвија пасхалната вечера.
17 Вечерта, пристигна Исус со дванаесеттемина Свои ученици. 18 За време на вечерата, Исус им рече: „Еден од вас што вечера со Мене, ќе Ме предаде.“ 19 Тоа ги нажали учениците и тие почнаа еден по еден да Го прашуваат: „Да не мислиш дека тоа ќе бидам јас?“
20 Исус им одговори: „Ќе биде еден од вас дванаесеттемина што мака од иста чинија со Мене! 21 Јас, Синот Човечки, ќе умрам, како што е претскажано за Мене. Но тешко си му на човекот што ќе Ме предаде Мене, Синот Човечки! За тој човек, подобро ќе беше воопшто да не се родеше!“
5) Воспоставување на Господовата вечера (Причест)
(Мт. 26:26-30; Лк. 22:14-23; 1Кор. 11:23-25) 22 За време на вечерата, Исус зеде леб, го благослови, го раскрши на парчиња и им го подаде на учениците, велејќи: „Земете, ова го претставува Моето тело.“
23 Потоа зеде чаша со вино, го благослови и им го подаде на учениците. Сите пиеја од него. 24 Потоа им рече: „Тоа ја претставува Мојата крв - крв на Божјиот завет со вас, која се пролева за мнозина. 25 Ви велам дека отсега нема повеќе да пијам од лозовиот плод сe додека одново не пијам во Божјото царство.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest