Book of Common Prayer
12 Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво! 13 Пред Бог, Кој му дава живот на се што постои, и пред Исус Христос, Кој даде добро сведоштво пред Понтиј Пилат, те задолжувам 14 беспрекорно да се придржуваш до сите заповеди, та никој да не може да ти најде мана, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.
15 Бог е нашиот единствен Владетел,
Цар на царевите и Господар на господарите.
Во определеното време Тој
пак ќе Го испрати Исус Христос кај нас.
16 Само Бог е бесмртен.
Тој живее во светлина
во која никој не може да Му пријде!
Човечко око не Го видело, ниту може да Го види.
Сета почит и власт Му припаѓаат Нему. Амин!
Исус плаче над Ерусалим
41 Кога Исус се приближи до Ерусалим и го виде пред Себе, заплака за него, 42 и рече: „Ех, кога би знаел ти денес што е потребно за да има мир во тебе! Но твоите очи сега не можат да го видат тоа. 43 Ќе дојде време кога твоите непријатели ќе те опколат со барикади, ќе те стават под опсада и ќе те затворат од сите страни. 44 До темел ќе те разурнат и ќе ги погубат твоите жители, ниту камен врз камен нема да остават, сe поради тоа што ти не го препозна времето кога Бог те посети за да ти понуди спасение!“
Исус повторно го расчистува храмот
(Матеј 21:12-17; Марко 11:15-19; Јован 2:13-22) 45 Потоа Исус влезе во храмот и почна да ги исфрла оние што таму тргуваа, 46 велејќи: „Во Светото Писмо стои напишано[a] дека Бог рече: ,Мојот храм нека биде место за молитва‘, а вие го претворивте во разбојничко дувло!“
47 Исус поучуваше во храмот секој ден. А свештеничките поглавари, вероучителите и водачите на народот настојуваа да Го убијат, 48 но не наоѓаа погоден начин, зашто сиот народ Го слушаше и не сакаше да пропушти ниту збор.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest