Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
1 Коринќаните 12:12-26

Споредба со органите во телото

12 Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело. 13 Нас не има Евреи и припадници на други народи[a], некои од нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас не крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот Дух[b].

14 Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе органи. 15 Ако ногата рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум рака!“ Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се смета за дел од телото? 16 Или ако увото рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум око!“ Дали тоа што е уво, а не око, е причина да не се смета за дел од телото? 17 Ако целото тело беше само око, како ќе слушавме? Ако целото тело беше само уво, како ќе чувствувавме мириси?

18 Но Бог го создаде нашето тело со многу органи и ги постави онаму каде што сметал дека им е местото. 19 Ако има само еден орган, тоа нема да претставува тело! 20 Телото е едно, но се состои од многу органи. 21 Окото не може да и каже на раката: „Не си ми потребна!“, ниту главата може да им каже на нозете: „Не сте ми потребни!“

22 Напротив, органите што ни изгледаат послаби се многу понеопходни, 23 а на оние што ги сметаме за понеугледни им посветуваме поголемо внимание! Значи, поголемо внимание им посветуваме на нашите понеугледни органи, 24 зашто угледните органи немаат потреба од тоа. Бог така го составил телото, што им дал поголема чест на органите кои ние не ги истакнуваме. 25 Така во самото тело нема неединство, туку органите еднакво се грижат еден за друг. 26 Кога еден орган страда, со него страдаат сите органи. Кога на еден орган му се оддаде признание, со него се радуваат сите органи.

Марко 8:27-9:1

Кој е Исус? Одговорот на Петар

(Мт. 16:13-20; Лк. 9:18-21) 27 Исус и Неговите ученици заминаа по селата во околината на градот Цезареја Филипова. Додека патуваа, Исус ги запраша: „За кого Ме сметаат луѓето?“

28 Учениците одговорија: „Едни мислат дека си Јован Крстител или пророкот Илија; други мислат дека си некој од древните пророци.“

29 Тогаш Исус ги праша: „А за кого Ме сметате вие?“

Петар одговори: „Ти си Месијата!“

30 Исус им забрани да им кажуваат на луѓето за Него.

Исус првпат ја навестува Својата смрт

(Мт. 16:21-23; Лк. 9:22-27) 31 Оттогаш Исус почна да им кажува што сe ќе се случи со Него. Им кажа дека Него, Синот Човечки, Го очекуваат големи страдања, дека Тој ќе биде отфрлен од народните водачи, од свештеничките поглавари и од вероучителите, дека тие ќе Го убијат, но и дека по три дни Тој ќе воскресне. 32 За сето ова им говореше многу отворено.

Тогаш Петар Го повлече Исуса настрана, укорувајќи Го дека така зборува. 33 Исус се сврте кон Своите ученици, а потоа со строг глас му рече на Петар: „Бегај од Мене, Сатано! Тоа што го велиш е човечко размислување, а не Божјо!“

Трнлив пат за Исусовите следбеници

(Мт. 16:24-26) 34 Тогаш Исус ги повика Своите ученици и народот поблиску до Себе и им рече:

„Тој што сака да стане Мој следбеник треба да се откаже од своите себични амбиции, да си го понесе својот крст и да тргне по Моите стапки. 35 Зашто, секој што сака да си го запази животот[a] само за себе - ќе го загуби; а ако Ми го посвети Мене и на Евангелието - ќе го зачува. 36 Каква ќе му биде ползата на човекот, ако и сиот свет го добие, а својата душа ја загуби!? 37 Има ли нешто повредно од твојата душа?

38 Нема причина да се срамите од Мене и од Моето учење пред овој неверен и грешен свет, зашто инаку и Јас, Синот Човечки, ќе се засрамам од вас кога ќе се вратам во сета слава на Мојот небесен Татко, во придружба на светите ангели!“

Преобразувањето на Исус во славно тело

(Мт. 17:1-13; Лк. 9:28-36) Во продолжение Исус рече: „Ве уверувам дека меѓу овде присутните има некои што ќе го видат стапувањето во сила на Божјото царство уште пред да умрат!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest