Book of Common Prayer
2) За Господовата спомен
-вечера (Причест) 17 За следното прашање, за кое ќе ви дадам упатства, не можам да ве пофалам, зашто се чини дека вашите собирања предизвикуваат повеќе штета одошто полза! 18 Пред се, слушам, а делумно и верувам во тоа, дека, кога се собирате на богослужби, меѓу вас има подвоеност. 19 Неизбежно е и меѓу вас да се појават групи[a] што ќе се отцепат од вас. Но така ќе се види кој се држи до вистината.
20 Слушам дека кога се собирате на Господовата спомен-вечера[b] 21 секој гледа брзо да си го изеде тоа што го донесол, па еден останува гладен, а друг се опива! 22 Си немате ли вие куќи, па таму да јадете и да пиете? Или сакате да ги презирате сиромашните во Божјата црква!? Што да ви кажам? Зар да ве фалам? За тоа не можам да ве пофалам!
23 И вам ќе ви го пренесам она што Господ мене ми го предаде. Ноќта кога беше предаден, Господ Исус зеде леб, 24 се заблагодари, го раскрши и рече: „Ова е Моето тело што се крши за вас. Правете го ова како спомен за Мене.“ 25 Исто така, по вечерата зеде чаша со вино[c] и рече: „Оваа чаша е Новиот завет меѓу Бог и вас, запечатен со Мојата крв. Потсетувајте се на ова секогаш кога ќе пиете за сеќавање на Мене.“ 26 Секојпат кога за оваа цел јадете од лебот и пиете од чашата, ја прикажувате смртта на Господ, се додека Тој повторно не дојде.
27 Секој што недостојно јаде од лебот или пие од чашата Господова, виновен е за непочитување на телото и крвта на Господ. 28 Секој прво нека се преиспита, а потоа нека јаде од лебот и нека пие од чашата принесена како Господова спомен-вечера. 29 Зашто, оној што зема учество во спомен-вечерата Господова, а нема правилна вера, разбирање и почит спрема телото на Господ, си навлекува осуда врз себе! 30 Затоа меѓу вас има многу слаби и болни, а некои дури и починаа.
31 Кога самите себеси би се преиспитувале, не би биле казнувани. 32 А кога Господ не кара и казнува, тоа е за да не поправи, па да не бидеме осудени заедно со неверничкиот свет. 33 Затоа, драги мои, кога се собирате да ја јадете Господовата спомен-вечера, причекувајте се! 34 Ако е некој гладен, нека јаде дома. Така вашите собирања нема да ви носат осуда.
А за другите работи, ќе ви дадам упатства кога ќе дојдам.
Исус нахранува 4.000 души
(Мт. 15:32-39) 8 Набргу потоа, многуброен народ одново се насобра околу Исус. Луѓето не носеа храна со себе, па Исус ги повика Своите ученици и им рече: 2 „Жал ми е за луѓево; веќе три дена постојано се со Мене, а немаат храна. 3 Некои од нив живеат далеку и ако ги пуштам да си одат гладни, ќе премалат по патот!“
4 Учениците Му одговорија: „Местово е пусто; каде ќе најдеме храна да нахраниме толку народ!?“ 5 „Колку леба имате?“ - ги праша Исус. „Седум леба“ - одговорија тие. 6 Откако Исус го поседна народот по земјата, ги зеде седумте леба и ги благослови. Потоа ги раскрши на парчиња и им ги подаваше на учениците да му ги разделуваат на народот. 7 Имаа и малку риби и откако Исус ги благослови и нив, им рече на учениците да им ги разделат на луѓето.
8 Сите се најадоа до наситување, а собраа и седум кошници остатоци од храната. 9 Присутните беа на број околу четири илјади души. По ова, Исус го испрати народот да си оди.
10 Веднаш потоа, придружуван од Своите ученици, Исус се качи на едно бротче и отплови во месноста Далманута.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest