Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
1 Коринќаните 10:14-11:1

14 Затоа, драги мои, пазете се од идолопоклонство. 15 Вие сте разумни луѓе и самите можете да расудите за ова што ќе ви го кажам. 16 Кога на Господовата вечера[a] пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело? 17 Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело. 18 Погледнете ги Израелците како народ. Тие, јадејќи од жртвите принесени на еден ист жртвеник, покажуваат дека се еден народ[b].

19 Што сакам да кажам со ова? Дали идолите на кои паганите им принесуваат жртви се вистински богови и дали од тие жртви има некаква придобивка? 20 Се разбира, не! Она што тие го принесуваат како жртва им го принесуваат на демоните, а не на Бог, а јас не сакам вие да општите со демони. 21 Не може да пиете од чашата на Господ, а потоа и од чашата на демоните! Не може да седите на Господовата трпеза, а потоа и на демонската трпеза! 22 Зар ќе предизвикуваме љубомора[c] кај Господ? Зар сме ние посилни од Него?

23 Велите: „Имаме слобода да правиме што сакаме!“ Да, но не е се полезно! Иако имаме слобода да правиме што сакаме, не придонесува се за наше изградување! 24 Ниеден од нас не треба да ги гледа само своите интереси, туку да водиме сметка и за другите луѓе.

25 Еве како треба да постапувате. Слободно јадете од секое месо што се продава на пазар, без да се распрашувате дали било наменето за идоли; така нема да ве гризе совеста. 26 А Светото Писмо вели: „Господова е Земјата и се што ја исполнува[d].“

27 Ако некој што не е христијанин ве покани на вечера и вие сакате да одите, одете слободно. Јадете од се што ќе ви биде принесено, без да се распрашувате дали таа храна била наменета како принос за идоли; така нема да ве гризе совеста. 28 Но ако некој ве предупреди и ви рече: „Таа храна е од приноси на идоли“, тогаш немојте да јадете, заради совеста на тој што ви го рекол тоа. 29 Значи, не заради вашата совест, туку заради совеста на тој што ве предупредил.

Можеби некој ќе рече: „Зошто мојата слобода да биде ограничена од тоа што им ја обременува совеста на други луѓе!? 30 Ако јас Му се заблагодарувам на Бог за она што го јадам, зошто некој да ме напаѓа поради тоа што го јадам!?“ 31 Но дури и јадењето, пиењето, па и секоја наша постапка треба да биде за Божја слава. 32 Затоа, немојте да ги соблазнувате ни Евреите, ни другите народи, ни оние што и припаѓаат на Божјата Црква. 33 Правете како што правам јас: на сите се обидувам да им угодам и не правам онака како што би било најдобро за мене, туку пред се, мислам на другите луѓе. Така постапувам затоа што сакам тие да се спасат.

11 Следете го мојот пример, како што јас го следам примерот на Христос.

Марко 7:24-37

ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ИСУС НАДВОР ОД ГАЛИЛЕЈА

Импресивната вера на една жена

(Мт. 15:21-28) 24 Заминувајќи си оттаму, Исус отиде во пределот на градовите Тир и Сидон. Се смести во една куќа и се трудеше никој да не дознае за тоа, но не можеше да остане во тајност. 25 Една жена, чија ќерка беше обземена од демонски дух, дозна каде е Исус. Веднаш дојде кај Него и падна на колена. 26 Жената беше Гркинка, родум од областа Феникија, во Сирија. Таа Го замоли Исуса да ја ослободи нејзината ќерка од демонот. 27 Но Исус и рече: „Дозволи најпрво Божјите избрани деца, Израелците, да се нахранат! Не е право да им се одземе лебот на децата и да им се даде на кучињата!“ 28 „Така е, Господине, но и кучињата под масата ги јадат трошките што им паѓаат на децата!“ – Му одговори таа. 29 Тогаш Исус и рече: „За ваквиот одговор, оди си, ќерка ти веќе ја излекував од демонскиот дух!“ 30 Кога жената се врати дома, ќерка и лежеше в постела излекувана од демонскиот дух.

Исус исцелува глувонем човек

31 Враќајќи се од месноста околу градот Тир, преку градот Сидон, Исус се упати назад кон Галилејското Езеро, во подрачјето на Декаполис[a]. 32 Му донесоа еден глувонем човек и луѓето Го молеа да го излекува со Својот допир. 33 Исус го тргна човекот настрана и со Своите прсти му ги допре ушите. Потоа со плунка на прстите му го намачка јазикот. 34 Со поглед кон небото и со длабока воздишка, Исус рече: „Хипатах!“ - што на арамејски јазик значи: „Отвори се!“ 35 Слухот на човекот веднаш му се отвори, а во исто време почна јасно и разбирливо да зборува. 36 Исус им нареди никому да не кажуваат за ова. Но, колку повеќе им забрануваше, толку повеќе тие зборуваа за тоа. 37 Сите беа исполнети со восхит и говореа: „Сe што прави Тој е добро! На глувите им дава слух, а на немите моќ на говор!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest