Book of Common Prayer
14 Луѓето кои не се препородени од Божјиот Дух не можат да ги разберат вистините што доаѓаат од Божјиот Дух, и затоа не ги прифаќаат. Ним сето тоа им изгледа неразбирливо, а тоа е затоа што духовните работи можат да се разберат само со помош на Божјиот Дух. 15 А луѓето кои се препородени од Божјиот Дух се способни се да разберат, иако самите нив другите луѓе не можат да ги разберат. 16 Како што рекол пророкот Исаија:
„Кој ги знае мислите на Господ?
Кој Му е советник на Господ[a]?“
А нам ни е даден Христовиот ум и затоа можеме да ги разбереме овие работи.
Поделби меѓу незрелите христијани
3 Драги мои, додека бев кај вас, јас не можев да ви зборувам како на духовно зрели христијани. Ви зборував како на телесни луѓе, како на луѓе што во Христовата вера се новороденчиња[b]. 2 Ве хранев со млеко, а не со тврда храна, бидејќи се уште не бевте способни да ја примате. За жал, ни сега не сте способни. 3 Се уште сте телесни, како луѓето од овој свет, штом си завидувате и се карате. Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани? 4 Едни од вас велат дека се Павлови следбеници, а други дека се следбеници на Аполос. Зар тоа не покажува дека сте како и сите други, телесни луѓе?
Проповедниците се само Божји слуги
5 Кој е Аполос? Кој е Павле? Вреди ли заради нас да се карате? Ние сме само Божји слуги преку кои поверувавте. Секој од нас си ја извршуваше задачата дадена од Господ. 6 Јас сеев, Аполос полеваше, но Бог овозможи семето да порасне. 7 Не треба да се велича ни тој што сее, ни тој што полева, туку Бог, Кој овозможува семето да порасне. 8 Оној што сее и оној што полева работат еднакво важни задачи и секој од нив ќе добие награда соодветна на вложениот труд. 9 И Аполос и јас работиме за Бог, а вие сте Божја нива, Божја градба, а не наша.
Индивидуална одговорност: Христовиот суд
10 Користејќи ја дарбата што Бог милостиво ми ја даде, јас, како и секој мудар ѕидар, најпрво го поставив темелот, а други по мене ќе градат врз него. Но секој мора да внимава како ќе гради! 11 Никој не смее да поставува друг темел, зашто тој е веќе поставен, а тоа е Исус Христос! 12 Врз тој темел, некој ќе ѕида со злато, со сребро или со скапоцени камења, а друг со дрво, со сено или со слама. 13 Но ќе дојде ден, кога сечие дело ќе излезе на видело! Секое дело, на секој христијанин, ќе биде проверено низ оган, за да му се утврди вистинската вредност. 14 Ако делото издржи, градителот ќе добие награда; 15 ако, пак, делото изгори, градителот ќе се соочи со голема загуба. Ќе се спаси, но како некој што поминал преку оган!
Исцелување на парализиран човек
Првите негодувања против Исус
(Мт. 9:1-8; Лк. 5:17-26) 2 По извесно време, Исус повторно се врати во Кафарнаум и набргу се дозна дека Тој е дома. 2 Тогаш толку народ се насобра, што веќе немаше место ни пред вратата. Исус им ја проповедаше Божјата порака.
3 Четворица мажи, носејќи на носила еден парализиран човек, се упатија кон Исус. 4 Бидејќи не можеа да дојдат до Него, поради многубројниот народ, тие се искачија на кровот, направија отвор над местото каде што стоеше Исус и ги спуштија носилата со парализираниот човек.
5 Гледајќи со колкава вера го прават ова, Исус му рече на парализираниот: „Синко, гревовите ти се простуваат!“
6 Тука беа присутни и некои вероучители, кои во себе почнаа да се прашуваат: 7 „Како смее да зборува вака!? Тој се прави Бог[a]! Кој може да простува гревови освен Бог!?“
8 Во истиот момент, Исус ги проѕре нивните мисли и им рече: „Зошто ви идат такви зли мисли? 9 Што е полесно за Мене: да му речам на парализираниот дека му се простуваат гревовите или да му речам да стане, да си ја земе постелата и да си оди дома? 10 Но ќе ви докажам дека Јас, Синот Човечки, имам власт да простувам гревови на Земјава!“ Тогаш Исус му рече на парализираниот: 11 „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“
12 Пред очите на сите, човекот веднаш стана, си ја зеде постелата и излезе. Луѓето беа вчудовидени и Му оддаваа слава на Бога, велејќи: „Вакво нешто досега не сме виделе!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest