Book of Common Prayer
Одговор на молитви
13 Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот. 14 Заради тоа ние имаме доверба во Бог и знаеме дека кога молиме нешто што е во согласност со Неговата волја, Тој ќе ни го исполни. 15 Знаеме дека кога се молиме Тој не слуша и сигурни сме дека на нашите молитви ќе добиеме одговор.
16 Ако некој од вас гледа дека некој христијанин прави грев што не е за смрт, нека се помоли и Бог ќе му даде живот на оној што згрешил. Ова се однесува на гревови што не се смртоносни. Постои и смртоносен грев и јас не велам дека треба да се молите за оние што го извршиле тој грев. 17 Секоја неправедност е грев, но секој грев не е смртоносен.
18 Знаеме дека ниедно Божјо чедо не продолжува постојано да греши, бидејќи Божјиот Син[a] го чува и Ѓаволот не може да допре до него.
19 Ние, христијаните, знаеме дека потекнуваме од Бог, а световните луѓе се под власта на Ѓаволот. 20 Знаеме и дека Божјиот Син дојде и ни даде разум за да Го препознаеме вистинскиот Бог. Затоа ние сме во единство со вистинскиот Бог и со Неговиот Син, Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог, Тој е вечниот живот.
21 Чеда Божји, чувајте се од идоли[b]!
55 Наближуваше еврејскиот празник Пасха. Голем број луѓе од внатрешноста се искачија[a] во Ерусалим пред Пасха, за да го извршат церемонијалното исчистување. 56 Тие го бараа Исуса и собрани во храмот си зборуваа меѓу себе: „Што мислите, дали Тој ќе се осмели да дојде на празникот?“ 57 Свештеничките поглавари и фарисеите издадоа заповед, ако некој дознае каде е Исус - веднаш да им јави, за да Го уапсат.
Помазанието на Исус
(Мaтej 26:6-13; Марко 14:3-9) 12 Шест дена пред празникот Пасха, Исус се врати во Бетанија. Тоа беше местото каде што живееше Лазар, кого Исус го оживе од мртвите. 2 Таму Му беше приредена вечера на Исус. Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата заедно со Исус. 3 Тогаш Марија зеде половина литар[b] чист и скапоцен нардов парфем, Му ги полеа стапалата на Исус и Му ги избриша со својата коса. По куќата се рашири пријатниот мирис на парфемот.
4 Еден од Исусовите ученици, Јуда Искариот, (кој подоцна Го предаде) рече:
5 „Овој парфем можеше да се продаде за триста денарии[c], а парите да им се разделат на сиромасите!“ 6 Ова не го рече од грижа за сиромасите, туку затоа што беше крадец. Имено, тој беше благајник и си земаше од парите што беа кај него.
7 „Оставете ја!“ - одговори Исус на тоа. „Парфемот бил чуван за да послужи за Мојот погреб. 8 Сиромаси секогаш ќе има меѓу вас, а Мене Ме немате секогаш.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest