Book of Common Prayer
Тајната на нашата вера
14 Се надевам дека набрзо ќе те посетам, но сепак ти го пишувам ова 15 за, ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.
16 Без сомнение, тајната на вистинската вера во Бог е величествена:
Христос дојде во човечко тело.
Светиот Дух потврди дека Тој ја исполни Божјата волја.
Ангелите Го видоа.
За Него им беше проповедано на народите.
Луѓето поверуваа во Него.
Тој славно се вознесе на небото.
Распознавање на лажните учители
4 Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните[a] времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења. 2 Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена[b].
3 Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат. 4 Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането. 5 Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.
Примерни христијански водачи
6 Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш. 7 Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен. 8 Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.
9 Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба. 10 Напорно работиме и се бориме[c], бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.
Опасноста од богатствата
23 Исус погледна наоколу и им се обрати на Своите ученици: „Колку им е тешко на богатите да влезат во Божјото царство!“ 24 Учениците се изненадија од овие зборови, но Исус продолжи: „Чеда! Тешко се влегува во Божјото царство! 25 Полесно камила ќе се спровре низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во Божјото царство!“ 26 Учениците уште повеќе се збунија, па почнаа да си шепотат еден на друг: „Тогаш, кој може да се спаси!?“ 27 Исус впечатливо ги погледна и им рече: „За луѓето е невозможно, но за Бог нема ништо невозможно!“
28 Петар Му рече: „Ете, ние оставивме сe и станавме Твои следбеници!“
29 Исус му одговори: „Ве уверувам дека секој што заради Мене и Евангелието оставил куќа, или браќа, или сестри, или мајка, или татко, или деца, или земја, 30 ќе биде награден. Веќе на овој свет, таквиот ќе добие стопати повеќе куќи, браќа, сестри, мајки, деца, земја ... иако ќе има и прогонства. А во идниот свет ќе има вечен живот. 31 Но мнозина кои сега се први, ќе бидат последни, а мнозина кои сега се последни, ќе бидат први.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest