Book of Common Prayer
Христовата жртва има трајна вредност
10 Мојсеевиот Закон беше само сенка на она што доаѓа, а не суштина на сите добри нешта што Христос ги направи за нас. Со години Му ги принесуваа на Бог жртвите пропишани со Мојсеевиот Закон, но тие што ги принесуваа не можеа да се исчистат. 2 Ако тие што Му служеа на Бог успееја еднаш засекогаш да се исчистат од гревот, и нивната совест повеќе немаше да ги обвинува, и тогаш принесувањето жртви би престанало. 3 Напротив, тоа што секоја година принесуваа жртви само ги потсетуваше на нивните гревови. 4 Тоа е поради тоа што крвта од бикови и јарци не може да ги исчисти гревовите.
5 Затоа, кога Христос дојде на овој свет, Му рече на Бог:
„Ти не посака животински жртви ни приноси од жито,
туку Ми даде тело, за да ти се покорувам.
6 Не, Ти не се задоволуваш со жртви паленици
и со приноси за грев!
7 Тогаш реков: ,Еве Ме Боже, доаѓам да ја извршам Твојата волја, како што е претскажано за Мене во Светото Писмо[a].‘“
8 Значи, Христос прво рече: „Ти, Боже, не посака и не ти беа угодни ни животински жртви ни приноси од жито, ни животни спалени на жртвеник, ни жртви за искупување од грев“, иако според Мојсеевиот Закон тие беа неопходни. 9 Потоа додаде: „Еве, доаѓам да ја извршам Твојата волја.“ Со тоа Христос го укинува првиот Завет, за да воспостави нов. 10 Поради таквата цврста решителност од страна на Христос - Тој да се жртвува за нас еднаш засекогаш - ние сега сме исчистени од гревот.
Исус зборува во Своја одбрана
30 Јас не можам ништо да направам самоволно. Судам онака како што Ми кажува небесниот Татко, и Мојот суд е праведен, зашто не постапувам самоволно, туку според волјата на Бог, Кој Ме прати.
31 Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да вреди. 32 Но постои Друг што сведочи за Мене и знам дека она што Тој го сведочи за Мене, вреди.
33 Вие самите испративте пратеници кај Јован Крстител и тој ви ја кажа вистината. 34 Јас немам потреба од човечко одобрување; а овие работи ви ги кажувам за вие да се спасите[a]. 35 Јован беше светилка која гореше и светеше. И за тоа кратко време вие со задоволство и се радувавте на неговата светлина.
36 Јас, пак, имам сведоштво со поголема тежина од она на Јован. Делата што Мојот Татко Ми ги довери да ги извршам, и кои Јас ги извршувам, сведочат дека сум испратен од небесниот Татко. 37 И Таткото, Кој Ме прати, исто така сведочи за Мене, но вие никогаш не сте го послушале Неговиот глас ниту пак сте го виделе Неговиот лик. 38 А и Неговиот збор не се задржува во вас, затоа што не верувате во испратениот од Него. 39 Вие го проучувате Светото Писмо, зашто верувате дека во него ќе најдете вечен живот за себе - а токму таму се говори за Мене! 40 Па сепак, вие не сакате да дојдете кај Мене и да примите живот.
41 Јас не сакам слава од луѓето; 42 а вас ве познавам и знам дека во себе немате љубов спрема[b] Бог. 43 Јас дојдов во името на Мојот Татко, а вие не Ме примате. Ако некој друг дојде во свое име, него ќе го примите! 44 Како можете да верувате, кога еден на друг си давате слава, а славата од Единствениот Бог не ја посакувате!?
45 Немојте да мислите дека Јас ќе бидам Тој што ќе ве обвини пред небесниот Татко. Мојсеј - оној на кого се надевате - тој ќе ве обвини. 46 Да му верувавте на Мојсеј, ќе ми верувавте и Мене, затоа што тој има пишувано[c] за Мене. 47 Но штом не верувате во она што тој го напиша, како ќе верувате во ова што Јас го зборувам!?“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest