Book of Common Prayer
Споредба меѓу Старозаветното и Новозаветното Светилиште
9 Секако, и во првиот Завет меѓу Бог и Израел имаше одредби што се однесуваа на богослужењето и на Светилиштето, овде на Земјава. 2 Светилиштето, всушност, беше шатор со две простории. Во првата просторија која се нарекуваше Свето место се наоѓаа свеќникот и масата со посветените лебови. 3 Потоа имаше завеса, а зад завесата се наоѓаше Најсветото Место, 4 во кое беа сместени златниот жртвеник за кадење и Ковчегот на Заветот, обложен со злато од сите страни. Во ковчегот се чуваа: еден златен сад во кој имаше малку мана[a], стапот на Арон, што беше пуштил листови и камените плочи на кои беа запишани Десетте заповеди. 5 Над ковчегот се надвиснуваа славни херувими со раширени крилја над местото за помирување. Но сега не е време за ова детално да се зборува.
6 Откако сите овие работи беа поставени како што треба, свештениците секојдневно влегуваа во надворешниот дел на Шаторот, за да ги извршуваат богослужбените активности. 7 Но во внатрешниот дел на Шаторот можеше да влегува само Првосвештеникот, и тоа само еднаш годишно. При секое влегување тој принесуваше крв, за да ги покрие своите сопствени гревови и гревовите на народот, извршени поради незнаење.
8 Преку овие правила, Светиот Дух ни открива дека се додека постоеше првиот Шатор и целиот религиозен систем што тој го претставува, патот за влегување во Најсветото место за нас обичните луѓе не беше отворен. 9 Тоа е сликовит приказ на денешното време, бидејќи приносите и жртвите што Му се принесуваат на Бог, не можат да им ја смират совеста на тие што ги принесуваат. 10 Овие обреди се однесуваат само на храна, пијалак и разни обреди на исчистување, кои беа поставени до времето кога Бог воведе нов ред.
11 Но кога Христос дојде како Првосвештеник на добри нешта кои сега ни пристигнаа, Тој влезе во многу повозвишено и посовршено Светилиште, кое не е изградено од човечка рака и не е дел од овој создаден свет. 12 Христос принесе крв во Најсветото место еднаш засекогаш, но не крв од јарци и јунци, туку ја принесе сопствената крв и на тој начин засекогаш го обезбеди нашето спасение.
13 Ако според строгиот религиозен систем луѓето телесно „се исчистуваа“ попрскувајќи се со крв на јарци и бикови и со пепел од јуници, 14 колку повеќе, тогаш, може да постигне крвта на Христос! Преку вечниот Дух, Тој се принесе Себеси како совршена жртва пред Бог. Неговата крв ја исчистува нашата совест од дела што водат во смрт, за да Му служиме на живиот Бог!
Исцелување на долгогодишен инвалид
5 По овие случки, по повод еден еврејски празник, Исус се врати во Ерусалим. 2 А во Ерусалим, покрај Овчата порта, има една бања со пет тремови, која на хебрејски се вика Бетзата[a]. 3 Под тремовите лежеа многу болни: слепи, сакати и парализирани[b]. 5 Таму имаше еден човек, кој боледуваше веќе триесет и осум години. 6 Исус го виде како лежи и знаејќи дека веќе долго време боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“
7 „Господине“, - Му одговори болниот - „нема кој да ме спушти во бањата кога ќе се разбранува водата. Додека јас да втасам - друг слегува пред мене!“.
8 „Стани, земи си ја постилката и оди си, зашто Јас те исцелив!“ - му рече Исус. 9 Човекот веднаш оздраве, си ја зеде постилката и почна да оди. Но тој ден беше сабота[c], 10 па затоа еврејските верски водачи му рекоа на исцелениот: „Сабота е! Забрането е да ја носиш постилката!“ 11 Тој им одговори: „Човекот што ме исцели, ми рече: ,Земи си ја постилката и оди!‘“
12 „Кој е тој човек што ти го рекол тоа?“ - го прашаа тие.
13 Излекуваниот, пак, не знаеше Кој е тој човек, затоа што Исус се беше повлекол[d] од толпата народ што беше на тоа место.
14 Подоцна, Исус го сретна во храмот и му рече: „Сега оздраве; не греши повеќе, за да не те снајде нешто уште полошо!“ 15 Човекот си замина и им кажа на еврејските верски водачи дека Оној што го исцели е Исус.
16 Поради ова, еврејските верски водачи почнаа да Го прогонуваат Исуса, зашто вакви работи правеше во саботите. 17 Но Исус им одговори: „Мојот небесен Татко не престанува да работи, па и Јас работам.“ 18 Заради ова, еврејските верски водачи уште поцврсто беа решени да Го убијат, зашто Тој не само што ја прекршуваше уредбата за саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Татко[e], изедначувајќи се така со Бог.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest