Book of Common Prayer
Христос е над с
е 15 Христос е видлива слика на невидливиот Бог.
Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал.
16 Преку Христос Бог ги создаде сите нешта
и на небото и на Земјата:
тоа што се гледа и тоа што не се гледа,
сите престоли и власти,
сите владетели и властодршци,
се беше создадено преку Него и за Него.
17 Тој постои пред се и ги одржува сите нешта.
18 Христос е глава на Црквата, која е Негово тело.
Тој е Почетокот, прв[a] што воскресна од мртвите,
19 зашто Бог одбра во Него
во целост да се всели Божјата природа
20 и преку Него да ги помири со Себе сите,
било да се на Земјата, или на небото,
воспоставувајќи мир преку Својата крв, пролеана на крстот.
21 Тоа ве вклучува и вас што порано бевте отуѓени од Бог и Му бевте непријатели, и во мислите и на дело. 22 Сега, преку телесната смрт на Неговиот Син, Тој ве помири со Себе. Затоа Христос ќе ве претстави пред Бог како свети, непорочни и беспрекорни. 23 Се разбира, ако докрај продолжите да верувате цврсто и непоколебливо, и не отстапите од надежта што ја дава Радосната вест што ја чувте. Јас, Павле, добив задача од Бог да им ја проповедам таа Радосна вест на сите луѓе под небесниот свод.
37 А во последниот и најважен ден од празникот, Исус застана и извика: „Кој е жеден, нека дојде кај Мене да пие! 38 Како што вели Светото Писмо[a]: „Реки животодавна вода ќе потечат од срцето на оној што верува во Мене!“ 39 (Исус ова го рече за Светиот Дух, Кого имаше намера да им Го даде на оние кои поверуваа во Него. Светиот Дух се уште не му беше даден никому, бидејќи Исус се уште не беше целосно прославен.)
Поделба меѓу луѓето
40 Кога народот го слушнаа ова, некои од нив рекоа: „Овој мора да е претскажаниот Пророк[b]!“
41 Други велеа: „Овој е Месијата!“ Но останатите говореа: „Зар од Галилеја ќе дојде Месијата!? 42 Зарем Светото Писмо не вели дека Месијата ќе дојде од поколението на Давид и од родниот град[c] на Давид?“ 43 Така настана поделба меѓу луѓето во однос на Исус. 44 Некои од нив сакаа да Го уапсат, но никој не посегна по Него.
Неверни верски водачи
45 Стражарите, пак, се вратија кај свештеничките поглавари и кај фарисеите, а тие ги запрашаа: „Зошто не Го уапсивте?“
46 „Никој никогаш не зборувал така како што зборува Овој Човек!“ - одговорија стражарите.
47 Фарисеите, пак, им рекоа: „Да не се прелажавте и вие? 48 Не гледате ли дека никој од старешините и од фарисеите не верува во Него!? 49 Но овој проклет[d] народ, кој не го знае Мојсеевиот Закон, се заведува по Него!“
50 Меѓу фарисеите беше и Никодим[e], кој порано беше Го посетил Исуса; тој им рече: 51 „Нашиот закон не дозволува некој да биде осуден, без претходно да биде сослушан и да се дознае што направил!“
52 Тие, пак, му одговорија: „И ти ли си од Галилеја!? Проучи ги светите писма и увери се дека никаков пророк[f] нема да дојде од Галилеја!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest