Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Deut for the version: Macedonian New Testament
Откровение 10

Ангел со отворена книшка

10 Потоа забележав еден друг силен ангел како слегува од небото. Беше обвиткан со облак, а над главата имаше божилак. Лицето му светеше како сонце, а нозете - како огнени столбови. Во рацете држеше отворена книшка[a]. Десната нога му беше врз морето, а левата врз копното. Тој проговори со глас како лавовски рев. Во одговор се огласија седум грмотевици. Кога се огласија седумте грмотевици сакав да го запишам тоа што го рекоа тие, но еден глас од небото ми рече: „Не запишувај го тоа што го рекоа седумте грмотевици; тоа нека остане тајна!“

Тогаш, ангелот што го видов порано со едната нога врз морето а со другата врз копното ја крена својата десна рака кон небото и се заколна во името на Вечно-Живиот, Творецот на небото, на Земјата, на морето и на секое живо суштество во нив, велејќи: „Одлагање повеќе ќе нема! Штом ќе затруби седмиот ангел ќе се исполнат Божјите тајни планови, како што Тој им навестуваше на Своите слуги - пророците!“

Тогаш пак ми проговори гласот од небото и ми рече: „Оди, земи ја отворената книшка од раката на ангелот кој стои врз морето и врз копното.“ Кога отидов кај ангелот да му ја побарам книшката, тој ми рече: „Земи ја и изеди ја! Таа во устата ќе ти биде блага како мед, но кога ќе ја проголташ во стомакот ќе ти стане горчлива!“ 10 Ја зедов книшката од ангелот и ја изедов; во устата ми беше слатка како мед, но кога ја проголтав, ми ја загорчи целата утроба.

11 Тогаш ми беше речено: „Ќе треба да продолжиш да ја проповедаш Божјата пророчка порака за она што ќе се случи со луѓето од многубројните народи, раси, јазици и со нивните цареви.“

Матеј 13:44-58

5. Споредба со скриеното богатство

44 „Небесното царство може да се спореди со богатство скриено во нива. Човекот што ќе го пронајде повторно го закопува и сиот радосен оди и продава се што поседува и ја купува таа нива.“

6. Споредба со бисерот

45 „Понатаму, небесното царство може да се спореди со трговец што трага по најскапоцениот бисер; 46 кога ќе го најде, тој оди и продава се што има и го купува.“

7. Споредба со рибарската мрежа

47 „Понатаму, небесното царство може да се спореди со голема рибарска мрежа што се фрла в море, при што зафаќа секаков вид риби. 48 Кога мрежата ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот, седнуваат, и добрите риби ги издвојуваат во кошеви, а лошите ги фрлаат. 49 Така ќе биде и на крајот на светот: ќе излезат ангелите, ќе ги издвојат грешниците од праведниците, 50 и ќе ги фрлат во огнена печка, каде што ќе има пискоти и крцкање со заби.“

Спрега меѓу Стариот и Новиот завет

51 „Го разбравте ли сето ова?“ - ги запраша Исус. „Да!“ - Му одговорија тие. 52 А Тој им рече: „Тогаш, секој вероучител којшто станал ученик на небесното царство може да се спореди со домаќин кој од своите ризници ќе може да извади и ново[a] и старо.“

Исус се враќа во Назарет, но не е прифатен

(Мк. 6:1-6; Лк. 4:16-30) 53 Штом Исус заврши со изложувањето на споредбите, си замина оттаму, 54 и се врати во Назарет - своето поранешно живеалиште, каде што го поучуваше народот по синагогите[b]. Сите што Го слушаа се чудеа и говореа: „Каде се стекнал овој човек со олкава мудрост и моќ да прави чуда? 55 Зар Тој не е синот на дрводелецот? Нели му е мајка Марија и нели му се браќа Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? 56 Нели се меѓу нас и сите Негови сестри? Каде ли се здобил овој човек со сето ова?“ 57 Жителите на Назарет Го пречекаа со сомневања. Тогаш Исус им рече: „Пророкот останува без признание единствено во својот град и во своето семејство.“ 58 И бидејќи Го дочекаа со недоверба, Тој не направи таму многу чуда.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest