Book of Common Prayer
5) Порака до мртвата црква во Сард
3 До гласникот[a] на црквата во Сард, напиши го следново:
„Ова ви го порачува Оној што Го држи седумкратниот Божји Дух и седумте ѕвезди:
Вашите дела Ми се познати. Иако за вас се говори како за живи, вие сте мртви!
2 Разбудете се и закрепнете го она малку што ви останало, и што е веќе на умирање! Утврдив дека тоа што го правите е далеку од совршено во очите на Мојот Бог! 3 Вратете се на учењето што ви беше предадено и што го чувте на почетокот. Држете се до него и покајте се од вашите гревови. Ако не се разбудите, ќе дојдам кај вас кога најмалку се надевате, како кога упаѓа провалник!
4 Сепак, некои од вас во Сард не си ги извалкаа облеките во грев. Тие ќе Ме придружуваат во бели облеки, бидејќи се достојни за тоа. 5 Секој што ќе излезе како победник ќе биде облечен во бели облеки; нивните имиња никогаш нема да бидат избришани од Книгата на животот[b]. Кога нивните имиња ќе бидат читани во присуство на Мојот небесен Татко и на Неговите ангели, Јас нив јавно ќе ги признаам за Мои.
6 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“
Исус нахранува над пет илјади души
(Матеј 14:13-21; Марко 6:30-44; Лука 9:10-17) 6 По ова, Исус отиде од другата страна на Галилејското Езеро (или како што поинаку се нарекува - Тибериско[a] Море). 2 Многуброен народ постојано Го следеше, бидејќи ги гледаше чудата на исцелување што Тој ги правеше над болните. 3 Исус се искачи на планината и таму седна со Своите ученици. 4 Наскоро доаѓаше еврејскиот празник Пасха.
5 Кога Исус го подигна својот поглед и забележа дека многуброен народ доаѓа кај Него, му се обрати на Филип: „Каде да купиме леб за да ги нахраниме луѓево?“ 6 Исус го рече ова за да види што ќе му одговори Филип, бидејќи Исус знаеше што ќе прави.
7 „За да добие секој од нив барем по едно залаче, ќе треба да купиме леб за повеќе од двесте денарии[b]!“ - одговори Филип.
8 Тогаш Андреј, еден од Исусовите ученици и брат на Симон Петар, Му рече: 9 „Овде се наоѓа едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку многу народ!?“
10 „Кажете им на луѓето да седнат“ - рече Исус. На тоа место имаше многу трева, па луѓето испоседнаа, а на број беа околу пет илјади, сметајќи ги само мажите. 11 Тогаш Исус ги зеде лебовите, и откако Му заблагодари на Бог, им ги раздели на поседнатите луѓе, а им раздели и од рибите, на секој колку што сакаше.
12 Кога народот се најаде, Исус им рече на Своите ученици: „Соберете ги парчињата што останаа, ништо да не пропадне.“ 13 Од петте јачменови лебови, тие собраа и наполнија дванаесет кошници со парчиња што им останаа на луѓето кои јадеа.
14 Кога го видоа чудото што Исус го направи, луѓето говореа: „Овој навистина е Пророкот чие доаѓање на светот ни беше предвестено!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest