Book of Common Prayer
21 Се срамам што ние за вакви работи се покажавме неспособни!
Знам дека е неразумно ова што ќе го кажам, но ако некој има смелост така да се фали, имам смелост и јас. 22 Тие биле Евреи! Па и јас сум! Биле Израелци! Па и јас сум! Биле потомци на Авраам! Па и јас сум! 23 Му служеле на Христос! Глупаво е што самиот за себе вака зборувам, но јас многу повеќе Му служам на Христос, многу повеќе работам, поради што многу почесто ме затвораат, ме тепаат и ми се закануваат со смрт! 24 Петпати сум камшикуван од Евреите, по триесет и девет удари со камшик! 25 Трипати сум тепан со стапови, еднаш сум каменуван, трипати сум преживеал бродоломи, цел ден и цела ноќ сум поминал во вода, на отворено море. 26 Често патував, и бев изложен на опасности од надојдени реки и од разбојници. Изложен сум на опасности и од моите сонародници, Евреите, и од паганите. Изложен сум на опасности и во град и во дивина, и на море. Изложен сум на опасности од лажни пријатели[a]. 27 Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.
28 И покрај се што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви. 29 Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него? Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?
30 Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ. 31 Бог, Таткото на Господ Исус, Кому Му припаѓа вечна слава, знае дека не лажам. 32 Кога бев во Дамаск, управникот на царот Арета постави стража до градските порти за да ме уапси. 33 Луѓето ме префрлија преку ѕидините во кош, преку еден прозорец, и така му побегнав.
Или Бог или материјалното
24 Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите[a].
Повик на вера во Божјата грижа за нас
25 Затоа, ви велам, да не ве мачат грижи за неопходната храна и облека кои ви се потребни за живот; зар животот не е повеќе од храна и облека за телото? 26 Погледнете ги птиците во небесниот свод: тие ни сеат, ни жнеат, ниту пак резерви си напластуваат; па сепак, вашиот небесен Татко ги храни. Та зар за Бог вие не сте повредни од нив!? 27 Можат ли сите ваши грижи, макар и за педа да ви го продолжат животот[b]?
28 И зошто се грижите за облекувањето? Погледнете како растат полските цвеќиња: тие не се трудат, ниту предат, 29 па сепак, ви велам дека ни царот Соломон во својата најголема слава не беше накитен како еден полски цвет! 30 А, кога Бог така ја облекува полската трева, која денес ја има, а веќе утре в оган се фрла, зар Тој нема и вас да ве облече? Колку мала вера имате! 31 Затоа, да не ве мачат грижи за тоа што ќе јадете, што ќе пиете и во што ќе се облечете; 32 тоа им е својствено на оние што не Го познаваат Бога, кои се јадосуваат поради овие работи. А вашиот небесен Татко знае дека тие работи ви се неопходни. 33 Вие, пак, грижете се најнапред за Божјото царство и Неговата праведност, а се друго што ви е потребно, ќе ви биде дадено. 34 Значи, не грижете се за утрешниот ден - тој ќе се погрижи за себе. Доволно грижи има за денешниот ден!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest