Book of Common Prayer
4 Секој што прави грев, го прекршува Божјиот Закон, зашто гревот е токму тоа: прекршување на Законот. 5 Како што знаете, Христос токму заради тоа и дојде: да ги отстрани нашите гревови. Во Него грев нема, 6 па затоа секој што е на Негова страна нема да продолжи да греши. Ако човек продолжи да греши, тој ниту Го познава Христос, ниту пак сфаќа Кој е Тој!
7 Чеда Божји, не допуштајте некој да ве заведе! Праведен е оној што постапува праведно, онака како што постапуваше Исус. 8 А оној што продолжува да греши е на страната на Ѓаволот, зашто Ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави Ѓаволот.
9 Тој што е препородено Божјо чедо нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него. Тој е препородено Божјо чедо и не може да продолжи да греши. 10 Постои јасна разлика меѓу Божјите чеда и децата на Ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо чедо.
7 Тогаш Исус повторно им рече: „Ве уверувам дека Јас сум вратата за овците. 8 Сите[a] што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа. 9 Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува[b] и да наоѓа пасиште. 10 Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота.
11 Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците. 12 Наемникот не е вистински пастир; овците не се негови, и кога тој ќе забележи дека се приближува волк ги остава овците и бега. Тогаш волкот го напаѓа стадото и го распрснува. 13 Наемникот бега, зашто е наемник и не му е грижа за овците.
14 Јас сум добриот Пастир. Јас ги познавам Моите овци и тие Ме знаат Мене, 15 како што Таткото Ме знае Мене, и како што Јас Го знам Таткото. И Својот живот го давам за овците. 16 Имам и други овци, кои не се од ова стадо. И нив треба да ги приберам, кога ќе го слушнат Мојот глас. Тогаш ќе има едно стадо и еден Пастир.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest