Book of Common Prayer
17 Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат. 18 Така вели и Светото Писмо: „Не врзувајте му ја муцката на добичето што врши жито[a]“, и „Секој што работи, заслужува да добие и плата[b].“
19 Ако некој сака да обвини старешина во црквата мора да има најмалку двајца или тројца сведоци. Во спротивно, немој да го слушаш. 20 Оние што грешат, искарај ги јавно, па и другите да извлечат поука.
21 Пред Бог, пред Исус Христос и пред светите ангели, најсериозно те задолжувам да се придржуваш до упатствата што ти ги дадов! Немој да правиш дискриминација и да бидеш пристрастен!
22 Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба! Не соучествувај во туѓи гревови! Чувај се да останеш чист!
23 Не пиј веќе само вода. Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.
24 Казната за гревовите на некои луѓе е очигледна, а кај други гревовите и казната ќе станат очигледни дури по извесно време. 25 Така е и со добрите дела. Некои се очигледни, но и оние што не се нема да останат скриени.
3. Споредба со синаповото зрно
(Мк. 4:30-32; Лк. 13:18-19) 31 Потоа, Исус им кажа уште една споредба: „Небесното царство може да се спореди со синапово зрно што некој ќе го посее во својата нива. 32 Иако тоа е најмало од сите семиња, кога ќе порасне, ги надвишува сите градинарски растенија и станува дрво на кое и птиците слетуваат и си свиваат гнезда на неговите гранки.“
4. Споредба со квасецот
(Лк. 13:20-21) 33 Исус им кажа и ваква споредба: „Небесното царство може да се спореди со квасец што жената го замесува со три мери брашно, по што целото тесто нараснува!“
За проповедањето преку споредби
(Мк. 4:33-34) 34 Исус се користеше со споредби за да му го објасни на народот сето ова и ништо не им говореше без споредби. 35 Со тоа се исполнуваа Божјите зборови претскажани преку пророкот:
„Ќе им говорам преку споредби,
ќе им ги објавам тајните што беа скриени
од создавањето на светот[a].“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest