Book of Common Prayer
12 Ви пишувам вам, чеда Божји,
бидејќи вашите гревови се простени
благодарејќи Му на Исус Христос.
13 Ви пишувам вам, родители,
бидејќи вие Го знаете Христос,
Оној што постои уште од самиот почеток.
Ви пишувам вам, млади луѓе,
бидејќи ја добивте битката против Злиот.
14 Ви напишав вам, деца,
бидејќи вие Го спознавте Таткото.
Ви напишав вам, родители,
бидејќи вие Го знаете Христос,
Оној што постои уште од самиот почеток.
Ви напишав вам, млади луѓе,
вие сте силни, зашто
Божјото Слово живее во вас
и вие ја добивте битката против Злиот.
15 Немојте да го сакате овој свет и она што тој ви го нуди, зашто ако го сакате овој свет, во вас нема љубов спрема небесниот Татко. 16 Тоа што го нуди светот: телесните похоти, желбата да се има се што ќе се види, гордоста заради богатството што се поседува - не е од небесниот Татко, туку од овој свет. 17 А овој свет и световните похоти се краткотрајни; само оној што ја исполнува Божјата волја останува вечно.
Мисијата на дванаесеттемина
(Мк. 6:7-8; Лк. 9:1-6) 5 Исус ги испрати овие дванаесетмина и им ги даде следниве упатства: „Не одете кај нееврејските народи и не влегувајте во градови на Самарија, 6 туку, одете меѓу Израелците - Божјите загубени овци. 7 Одете и проповедајте им дека: ,небесното царство се приближува!‘ 8 Исцелувајте болни, враќајте во живот умрени, исчистувајте лепрозни, изгонувајте демони. Правете го тоа бесплатно, како што и вам таа моќ ви беше дадена бесплатно. 9 И не носете златни, сребрени или бакарни пари со себе; 10 ни торби, ни два пара облека, ни сандали, ни стап, зашто на тој што работи - ќе му ја дадат заслужената плата!
11 Кога ќе пристигнете во некој град или село, распрашајте се кој е побожен[a] и останете кај него до вашето заминување. 12 При влегувањето во таа куќа, благословете ги домаќините со мир. 13 И доколку тие бидат достојни, мирот навистина ќе им остане, а доколку не се покажат достојни, повлечете си го благословот за мир. 14 Таму каде што нема да ве примат и нема да ве слушаат, напуштете ја таа куќа или град и притоа истресете го и правот од вашите нозе. 15 Ве уверувам дека, на Судниот ден, полесно ќе им биде на градовите Содом и Гомора[b], отколку на тој град.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest