Book of Common Prayer
Прво писмо од апостол
Јован
Вовед
1 Ви пишуваме за Исус Христос, Зборот на животот, Оној што постои уште од самиот почеток. Со свои уши Го слушнавме, со свои очи Го видовме, со свои раце Го допревме.
2 Оној што дава живот се појави! Го видовме и подготвени сме да ви сведочиме за тоа. Сакаме да ви кажеме за овој вечен Живот што беше со небесниот Татко и се појави пред нас. 3 Ви го кажуваме она што го видовме и чувме, за да ни се придружите и вие во општењето што го имаме со Таткото и со Неговиот Син, Исус Христос. 4 Ви го пишуваме ова, за да биде целосна нашата[a] радост.
Бог е светлина - Да живееме во светлина
5 Ова е пораката што ја слушнавме од Исус и ви ја пренесуваме: Бог е светлина. Во Него нема ни трошка темнина.
6 Ако кажеме дека општиме со Бог, а живееме во темнина, лажеме и не се придржуваме до вистината. 7 Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус Христос, ќе не исчистува од секој грев.
8 Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината. 9 Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.
10 Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло во нас.
Исус исцелува двајца слепи
(Мт. 15:22; 20:30; Мк. 10:47; Лк. 18:38) 27 Кога Исус си заминуваше оттаму, по Него идеа двајца слепи, викајќи на сиот глас: „Смилувај ни се, сине Давидов!“ 28 Кога влезе во куќата, двајцата слепи Му пристапија, а Исус ги запраша: „Верувате ли дека можам да ве излекувам и да прогледате?“ Тие Му одговорија: „Да, Господе!“ 29 Тогаш Тој им ги допре очите и им рече: „Нека ви биде според вашата вера!“ 30 И тие наеднаш прогледаа. А Исус најстрого им забрани никому да не му кажуваат за ова. 31 Но кога тие си заминаа раширија глас за Него по целиот крај.
Исус исцелува нем човек
(Лк. 11:14-15) 32 Додека тие си заминуваа, на Исус Му донесоа еден нем човек, кој беше обземен од демонски дух. 33 Штом Исус го ослободи од демонскиот дух, човекот проговори; сите се чудеа и зборуваа: „Вакво нешто досега не сме виделе во Израел!“ 34 А фарисеите[a], пак, велеа: „Тој изгонува демони затоа што поглаварот на демоните е во Него!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest