Add parallel Print Page Options

Тогаш погледнав и Го видов Јагнето. Стоеше сред престолот, опкружено со четирите суштества и со дваесет и четирите старешини. Јагнето имаше лузна како некогаш да било заклано. Имаше седум рогови и седум очи, кои Го претставуваа седумкратниот[a] Божји Дух испратен по целата Земја.

Јагнето пристапи и ја зеде Книгата што ја држеше во десната рака Седнатиот на престолот.

Небесниот хор

Кога Јагнето ја зеде Книгата, четирите суштества и дваесет и четирите старешини паднаа ничкум пред Него. Секој од нив во рацете имаше харфа и златен пехар полн со запален темјан, што ги претставуваше молитвите на Божјите луѓе[b]. Тие пееја нова песна со следниве зборови:

,Ти Си достоен да ја земеш Книгата, да ги скршиш нејзините печати и да ја отвориш, зашто Ти беше убиен и со Својата крв откупи за Бог луѓе од сите племиња, јазици, народи и раси. 10 Нив ги направи Божјо царство и Негови свештеници кои ќе владеат на Земјата.“

Read full chapter

Footnotes

  1. Откровение 5:6 Или: седумте Божји Духови испратени ...
  2. Откровение 5:8 Буквално: на светиите.