A A A A A
Bible Book List

2 Тимотеј 3Macedonian New Testament (MNT)

Опасностите во последните денови

Треба да знаеш дека во последните денови ќе настапат многу тешки времиња. Луѓето ќе станат себични, алчни за пари, самољубиви и горделиви. Ќе навредуваат, ќе бидат непослушни спрема родителите, ќе бидат неблагодарни и без светост. Ќе немаат љубов, ни желба да си простуваат; ќе се клеветат еден со друг, ќе немаат самоконтрола, ќе бидат свирепи и ќе му се противат на се што е добро. Ќе станат предавници, безобѕирни и вообразени. Наместо да Го сакаат Бог, на прво место ќе сакаат да уживаат во своите страсти. Навидум ќе изгледаат побожни, но тие ќе ја одбиваат силата што може да ги направи навистина побожни. Држете се понастрана од таквите луѓе!

Има меѓу нив и такви што влегуваат по домовите и ги придобиваат[a] оние жени што се робови на гревот и што се раководат од необуздани страсти. Таквите жени постојано се подготвени да слушнат нешто ново, а никако да ја сфатат вистината. Тие луѓе и се противставуваат на вистината онака како што Јанис и Јамврис му се противставија на Мојсеј. Тоа се луѓе со изопачен ум, нивната вера е лажна. Нема далеку да стигнат! Набргу нивното безумие ќе им стане јасно на сите, исто како што се случи и со Јанис и Јамврис.

Упатства до Тимотеј

10 Тимотеј, внимателно слушаше што те поучував и гледаше како живеев. Знаеш што сакам да постигнам и во што верувам. Виде колку сум трпелив и колку ги сакам луѓето. Виде колку можам да истраам. 11 Виде какви прогонства и страдања истрпев во градовите Антиохија, Иконија и Листра. Низ какви се прогони поминав и од сите нив Господ ме избави! 12 Сите што сакаат да живеат побожно и да бидат на страната на Исус Христос ќе бидат прогонувани, 13 а злите луѓе и измамниците ќе стануваат се полоши и полоши. Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани.

14 Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше. 15 Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос. 16 Целото[b] Свето Писмо е од Бога вдахновено. Се што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме. 17 Светото Писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.

Footnotes:

  1. 2 Тимотеј 3:6 Буквално: ги заробуваат.
  2. 2 Тимотеј 3:16 Или: Секое свето писмо... или: Секое од Светите писма...
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes