A A A A A
Bible Book List

2 Коринќаните 3Macedonian New Testament (MNT)

Можеби ова ви звучи како самите да се препорачуваме? Дали нам ни се потребни, како што им се потребни на некои, писмени препораки за да проповедаме кај вас, или пак препораки од вас? Вие сте нашата препорака, запишана во нашите[a] срца, која сите луѓе можат да ја видат и прочитаат. Очигледно е дека вие сте препораката што ја имаме, која преку нашиот труд е напишана од Христос, не со мастило, туку со Духот на Живиот Бог; не врз камени плочи, туку врз човечки срца.

Уверени сме во ова затоа што, преку Христос, имаме доверба во Бог. Нема ништо во нас што би ни дало за право да тврдиме дека сме способни да направиме нешто од трајна вредност. Нашата способност доаѓа од Бог. Тој не оспособи да го претставуваме Неговиот Нов завет. Тоа не е Завет од пишани закони, туку од Светиот Дух. Стариот начин, преку пишаниот закон, води кон смрт, а новиот начин, преку Светиот Дух, дава живот.

Величественоста на Новиот завет

Мојсеевиот Закон беше врежан само на камени плочи, па сепак беше даден со таков блесок што луѓето не можеа да гледаат во лицето на Мојсеј, иако сјајот што тој го имаше полека бледнееше. Ако тој Закон што води во смрт беше даден на така величествен начин, колку повеличествено ќе биде дејствувањето на Светиот Дух!? Ако Стариот завет што доведе до осуда на сите луѓе беше толку величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде Новиот завет што ни овозможува да се стекнеме со праведност пред Бог! 10 Токму поради тоа што новото е далеку повеличествено, старото го загуби својот сјај! 11 Ако Стариот завет, кој веќе е надминат, беше величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде Новиот завет, чија слава ќе трае вечно!?

12 Токму поради тоа што имаме таква прекрасна надеж, можеме толку смело да настапуваме. 13 Ние не сме како Мојсеј, кој ставаше превез врз лицето, за да не забележат луѓето дека сјајот на неговото лице бледнее и исчезнува. 14 Но умовите им закоравеа, па и ден-денес, кога го читаат Стариот завет, превез им ги покрива умовите и тие не можат да ја согледаат вистината. Тој превез се отстранува само кога човек ќе поверува во Христос. 15 Да, дури и денес, кога ги читаат Мојсеевите книги, превез им ги покрива срцата и тие не разбираат.

16 Но кога човек ќе се сврти кон Господ, превезот се отстранува. 17 Господ е во единство со Духот и каде што е присутен Господовиот Дух, Тој донесува слобода. 18 Сите ние, пред чии лица нема превез, сме одраз на славата Господова, како во огледало. Со помош на Господовиот Дух доживуваме преобразба и стануваме се послични на нашиот славен Господ.

Footnotes:

  1. 2 Коринќаните 3:2 Според некои ракописи: вашите.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes