A A A A A
Bible Book List

1 Солунците 4Macedonian New Testament (MNT)

За крај, драги пријатели, сега кога Му припаѓате на Господ Исус, ве молиме и ве повикуваме да живеете богоугодно, онака како што ве учевме. Вие веќе сега живеете така, но трудете се уште повеќе. Потсетувајте се на упатствата што ви ги дававме како на следбеници на Господ Исус. Бог сака вие да бидете свети - да се чувате од блуд. Секој треба да умее да го контролира своето тело[a], за да биде свето и за почит. Немојте да им робувате на вашите необуздани страсти, како што прават луѓето што не Го познаваат Бога.

Во однос на ова прашање, никако не смеете да мамите и искористувате други христијани! Потсетете се, веќе ве предупредивме дека Господ ќе го казни секој што така прави. Бог не ве одбра за да живеете валкан живот, туку за да бидете свети. Секој што не се придржува кон ова, не е непослушен спрема нас, туку спрема Бог, спрема Оној што ни Го дава Својот Свет Дух.

Нема потреба да ви пишувам дека треба да се сакате еден со друг. Самиот Бог веќе ве научи како да се сакате, 10 и вие веќе ја покажавте својата љубов спрема сите христијани во цела Македонија. Сакам само да ве охрабрам, драги пријатели, таа љубов кај вас уште повеќе да расте. 11 Трудете се да живеете тивко, да си ја гледате својата работа, да си заработувате за живејачка, како што и ве учевме. 12 Така и тие што не се христијани ќе ве почитуваат, а вие нема да зависите од никого.

Воскреснување и вознесување на христијаните

13 Драги пријатели христијани, сакаме да знаете што ќе се случи со оние што се починати, за да не тагувате како луѓето што по ова прашање немаат никаква надеж. 14 Ако ние веруваме дека Исус умре и воскресна, веруваме и дека Бог пак ќе ни Го врати, а со Него ќе ги врати и сите што пред да починат верувале во Исус.

15 Ова ни е кажано од Господ. Тој ни рече дека ние што ќе бидеме живи кога Тој повторно ќе дојде, ќе се сретнеме со Него откако Тој претходно ќе ги воскресне починатите.

16 Господ Лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат; 17 потоа ние што сме живи, заедно со нив, ќе бидеме грабнати во облаците, за да се сретнеме со Господ и засекогаш да останеме со Него. 18 Затоа, утешувајте се и охрабрувајте се меѓусебно со овие зборови.

Footnotes:

  1. 1 Солунците 4:4 Буквално: својот сад. Може да се однесува и на брачниот другар.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes