A A A A A
Bible Book List

Тит 3Macedonian New Testament (MNT)

Однос спрема власта и луѓето

Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците и да бидат послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро. За никого да не зборуваат лошо и да не се караат со луѓето, туку да бидат пријателски настроени и кротки спрема сите. Порано и ние бевме неразумни и непокорни, одевме по погрешниот пат, бевме робови на грешни страсти и на секаков вид телесни задоволства. Бевме злобни, завидливи и исполнети со омраза. Се мразевме еден со друг.

Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку не сака и колку ни е благонаклонет, кога не спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух не изми, не прероди и направи од нас нови суштества. Изобилно Го излеа врз нас Светиот Дух, преку нашиот Спасител, Исус Христос. Не оправда, затоа што ни е благонаклонет и сега можеме да се надеваме дека ќе добиеме вечен живот.

Ова е веродостојно учење. Те советувам уверливо да ги поучуваш луѓето, па оние што ќе поверуваат во Бог да се стремат кон добри дела, кон работи што ќе бидат полезни за сите луѓе. Одбегнувај расправии околу глупави прашања, не препирај се околу родословијата и Мојсеевиот Закон. Од тоа нема никаква полза; само залудно ќе си го губиш времето.

10 Оние што изопачено ја проповедаат верата, предупреди ги еднаш, двапати, а потоа остави ги. 11 Знаеш дека тие се изопачени и со своите гревови самите си се осудиле.

Завршни упатства и поздрави

12 Сакам да го испратам кај тебе Артема или Тихик. Кога еден од нив ќе пристигне, потруди се да дојдеш кај мене во Никополис, зашто имам намера таму да ја поминам зимата.

13 Кога правникот Зена и Аполос ќе решат да си заминат, погрижи се да ги снабдиш со се што им е потребно за на пат.

14 Треба да ги учиме нашите луѓе да не седат со скрстени раце, туку вредно да работат, правејќи добри дела и за други луѓе, кои имаат итни потреби.

15 Те поздравуваат сите што се тука со мене.

Поздрави ги сите што не сакаат, оние со кои ја имаме истата вера.

Бог нека ви биде благонаклонет на сите.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes