A A A A A
Bible Book List

Тит 2Macedonian New Testament (MNT)

Упатства за христијански начин на живеење

Ти поучувај го она што е во согласност со здравото учење. Постарите луѓе советувај ги да бидат трезвени, сериозни и разумни. Тие треба да имаат непоколеблива вера, љубов и трпение.

Постарите жени исто така треба да се однесуваат онака како што им прилега на луѓе што веруваат во Господ. Да не озборуваат, ниту да му робуваат на виното. Тие треба да поучуваат на добро поведение, да ги поттикнуваат помладите жени да си ги сакаат мажите и децата, да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, да бидат добри, да им се покоруваат на своите мажи. Во спротивно, ќе станат повод да се зборува лошо за христијанството[a].

Советувај ги и младите мажи да бидат разумни.

Биди им пример со своето добро поведение. Кога поучуваш, биди сериозен и искрен. Зборувај умесно и разбирливо, за да не може никој да те прекорува, а секој противник да се засрами, немајќи ништо лошо да каже за тебе.

Робовите во се нека им се покоруваат на своите господари, без да се муртат и да противречат. 10 Не смеат да поткраднуваат. Треба да покажат верност и добрина, зашто така ќе придонесат луѓето многу повеќе да го почитуваат учењето на нашиот Спасител и Бог.

Божјата благонаклоност и нашиот одговор

11 Бог ни покажа колку ни е благонаклонет со тоа што дојде да ги спаси сите луѓе. 12 Не поучи да се откажеме од безбожниот начин на живеење и од световните похоти, па да почнеме да живееме разумно, праведно и побожно, 13 очекувајќи го тој прекрасен ден на кој се надеваме, кога величествено ќе се врати нашиот Велик Бог и Спасител Исус Христос. 14 Тој се жртвуваше за нас, за да не ослободи од секаков грев и да не направи чисти. Тој сака ние да бидеме Негов народ и од се срце да го правиме она што е добро.

15 Учи ги луѓето на ова, поттикнувај ги, и со целосен авторитет укорувај ги непослушните. Не дозволувај никој да го омаловажува тоа што го проповедаш.

Footnotes:

  1. Тит 2:5 Буквално: заБожјиотзбор.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes