A A A A A
Bible Book List

Римјаните 4Macedonian New Testament (MNT)

И Авраам стекна праведност преку вера

Авраам беше биолошки прататко на еврејскиот народ. Како стекна праведност тој? Ако Авраам стекна праведност пред Бог врз основа на своите добри дела, тој ќе имаше причина да се фали пред луѓето, но не и пред Бог. Светото Писмо вели: „Авраам Му поверува на Бог, и Бог му ја припиша неговата вера како праведност[a].“

Кај луѓето, кога некој вложува свој труд, наградата што му се дава не претставува подарок, туку обврска. Но пред Бог, оној што не се потпира врз својот труд и постигања, туку што верува во Оној што ги оправдува грешниците, неговата вера му се смета како праведност.

Еве што вели и царот Давид кога опишува колку е среќен оној човек кого Бог го смета за праведен, но не врз основа на дела извршени според барањата на Законот:

Среќен е оној, на којшто престапот му е простен,

чиј грев е покриен!

Среќен е човекот

кого Господ за грев не го обвинува[b].“

Дали овој благослов важи само за обрежаните[c], или важи и за необрезаните? Да го погледнеме примерот со Авраам. Рековме дека Бог му припиша праведност на Авраам, затоа што Авраам имаше вера во Него. 10 Кога се случи тоа: кога Авраам беше веќе обрежан, или пред да се обреже? Знаеме дека тоа се случи пред Авраам да биде обрежан, а не откако беше обрежан!

11 Дури потоа тој се обрежа, како печат и потврда дека Бог го прогласи за праведен врз основа на неговата вера што ја имаше уште додека беше необрезан. Така Авраам им стана духовен татко на сите што Му веруваат на Бог, и Бог ги прифаќа како праведни, иако не се обрежани. 12 Истовремено тој им е духовен татко и на оние што се обрежани, но само на оние кои, покрај тоа што се обрежани, го следат и примерот на нашиот прататко Авраам, и Му веруваат на Бог исто како што тој Му веруваше уште пред да биде обрежан.

Божјите дарови се добиваат само преку вера

13 Очигледно е дека ветувањето што Бог им го даде на Авраам и на неговите потомци, оти тие ќе го наследат светот, не им беше дадено затоа што Авраам се придржуваше кон ритуалниот Закон, туку врз основа на праведноста што Авраам ја стекна преку вера во Бог. 14 Ако тврдиме дека Божјото ветување се однесува на оние што му се покоруваат на ритуалниот Закон, испаѓа дека верата нема никаква вредност, а со тоа и Божјото ветување би било неважечко. 15 Имајте предвид дека законот им носи казна на прекршителите. А каде што нема закон, нема ни прекршок!

16 Токму затоа Божјото ветување е засновано на вера. Тоа е незаработен подарок од Бог и им се гарантира на сите што имаат вера каква што имаше Авраам, без оглед на тоа дали се придржуваат кон ритуалните обичаи содржани во Законот или не. Токму затоа Авраам е прататко на сите што Му веруваат на Бог. 17 На тоа се мисли во Светото Писмо кога Бог му рече на Авраам: „Те направив татко на многу народи[d].“ Авраам Му поверува на Бог, на Оној што мртви оживува и со збор го создава тоа што дотогаш не постоело. 18 Кога Бог му вети на Авраам дека ќе стане татко на многу народи, Авраам Му поверува, иако тоа изгледаше сосема невозможно. Бог му рече: „Колку што има ѕвезди на небото, толку ќе бидат и твоите потомци[e]!“ 19 На Авраам не му ослабна верата, иако знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и неговата жена Сара беше веќе стара и неротка.

20 Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Напротив, верата му зајакна и тој Му донесе[f] слава на Бог. 21 Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил.

22 Затоа тоа му се припиша како праведност. 23 Овој начин на стекнување праведност пред Бог не важеше само за Авраам, 24 туку важи и за нас што веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус, 25 Кој беше предаден на смрт за нашите гревови, и беше воскреснат за ние да бидеме оправдани.

Footnotes:

  1. Римјаните 4:3 1 Мојсеева 15:6.
  2. Римјаните 4:8 Псалм 32:1, 2.
  3. Римјаните 4:9 Во овој контекст, значењето е следното: обрежаните се синоним за луѓе кои сметаат дека ќе се оправдаат пред Бог преку ритуално извршување на религиозните обичаи и правила или пак преку своите добри дела и придржување кон барањата на Божјиот Закон (на пр. десетте Божји заповеди и сл. ). Необрезаните се синоним за луѓе кои не доаѓаат пред Бог со свои добри дела, туку со вера очекуваат милосрдност од Бог.
  4. Римјаните 4:17 1 Мојсеева 17:5.
  5. Римјаните 4:18 1 Мојсеева 15:5
  6. Римјаните 4:20 Или: Му оддаде слава, благодарност.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes