A A A A A
Bible Book List

Римјаните 13Macedonian New Testament (MNT)

Почитување на државната власт

13 Почитувајте ја државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и државната власт е воспоставена од Бог. Оној што се противи на институцијата државна власт, се противи на уредба воспоставена од Бог и ќе биде казнет. Органите на власта не се закана за добрите, туку за лошите луѓе. За да не се плашите од властите, правете добро и тие ќе ве пофалат. Власта е во служба на Бог и нејзина должност е да работи за твое добро. Ако правиш зло - има причина да се плашиш, зашто ќе бидеш казнет! Власта е во служба на Бог и остро ги казнува оние што прават зло. Затоа, треба да ја почитуваш државната власт, не само за да не бидеш казнет, туку и да имаш чиста совест.

Затоа треба да плаќате и даноци. Извршителите на власта се во служба на Бог и треба да бидат платени за она што го работат. Затоа, давајте им го она што им припаѓа. Плаќајте ги даноците и царините, имајте страхопочит спрема властите, укажувајќи им чест кога заслужуваат.

Љубовта е јатка на целиот Божји Закон

Немојте никому да му бидете должници. Единствената постојана должност нека ви биде да се сакате еден со друг[a], зашто оној што ги сака другите луѓе, го исполнува Божјиот Закон. Заповедите: „Не врши прељуба! Не убивај! Не кради! Не завидувај[b]!“, и сите други заповеди се содржани во заповедта: „Сакај ги другите луѓе како што се сакаш себеси[c]!“

10 Ако некого сакаш, нема да му нанесуваш зло. Затоа, ако ги сакаш луѓето, го исполнуваш и Божјиот Закон.

Спасението наближува - Повик на свет живот

11 Имајте на ум дека времето истекува. Разбудете се! Нашето спасение е сега поблизу, отколку во моментот кога поверувавме! 12 Ноќта е при крај, се ближи денот на нашето спасение! Да престанеме да правиме зло, зашто тоа и припаѓа на темнината. Да живееме свето, како луѓе облечени за светлина. 13 Да се однесуваме примерно, како да сме изложени на светлина. Не учествувајте во оргии и пијанки, во блуд и разврат, во кавги и завист. 14 Загрнете се со Господ Исус Христос и не размислувајте како да им угодите на грешните телесни желби.

Footnotes:

  1. Римјаните 13:8 Преносно: љубовта не може да се замени и компензира со ништо.
  2. Римјаните 13:9 2 Мој. 20:13-15,17; 5 Мој. 5:17-19, 21.
  3. Римјаните 13:9 3 Мој. 19:18.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes