A A A A A
Bible Book List

Откровение 9Macedonian New Testament (MNT)

5) Отворање на Бездната: наезда од скакулци

Петтиот ангел затруби и видов една ѕвезда[a] како паѓа од небото на Земјата. Нејзе и беа дадени клучевите од јамата што води до Бездната. Кога таа ја отвори јамата на Бездната, низ неа излезе дим како од огромна печка. Од димот поцрнеа и Сонцето и воздухот. Од истиот дим излегоа рој скакулци и ја наполнија Земјата. Ним им беше дадена моќ да касаат како скорпии.

На скакулците им беше наредено да не ги пустошат ни тревата ни другото зеленило, ниту пак дрвјата, туку да ги напаѓаат само луѓето кои го немаат Божјиот печат на своите чела. Тие имаа наредба да не ги убиваат луѓето, туку да ги измачуваат пет месеци. Болката од нивниот убод е слична на болка при убод од скорпија. Во тоа време, луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат, ќе сакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.

Скакулците изгледаа како коњи подготвени за борба. На главите имаа нешто како златни венци, а лицата им беа човечки. Гривите им беа како на долгокоса жена, а забите - како заби на лав. Имаа оклопи како од железо, а шумот од нивните крилја правеше бучава како армија од бојни коли што јурат во бој! 10 Имаа и опашки, со осила слични како на скорпии; со кои можеа да ги измачуваат луѓето пет месеци. 11 Тие имаа и свој цар - тоа беше ангелот на Бездната, чие име на хебрејски е Абадон, а на грчки - Аполион[b].

12 Првата мака помина, но еве, доаѓаат уште две!

6) Пуштени двесте милиони коњаници

13 Шестиот ангел затруби и чув глас што проговори од четирите рогови на златниот жртвеник, поставен пред Бог. 14 Гласот му беше упатен на шестиот ангел со труба, и му рече: „Одврзи ги четирите ангели кои се врзани покрај големата река Еуфрат!“ 15 Овие четири ангели биле определени токму за овој час, ден, месец и година. Сега беа одврзани за да погубат една третина од вкупниот број жители на Земјата.

16 Го чув и бројот на нивната војска: тој изнесуваше двесте милиони коњаници! 17 Во моето видение ги видов коњите и коњаниците; околу градите коњаниците носеа огнено-црвени, темно-сини и жолти оклопи. Коњите имаа глави слични на лавовските, а од устите им излегуваа оган, дим и сулфур. 18 Една третина од жителите на Земјата загина од трите разурнувачки дејства на огнот, димот и сулфурот што излегуваа од устите на коњите. 19 Убиствената сила на коњите им беше во устите и во опашките. Опашките им беа како на змии и имаа глави со кои ги повредуваа луѓето.

20 Но луѓето што преживеаја низ сите овие страдања не се одвратија од своите злосторства, ниту пак престанаа да им се клањаат на демоните. Продолжуваа да боготворат идоли направени од злато, од сребро, од бронза, од камен или од дрво - идоли што ниту гледаат, ниту слушаат, ниту пак се движат. 21 Не престанаа ни со убиствата, ни со гатањата[c], ни со блудството, ниту пак со крадењето.

Footnotes:

  1. Откровение 9:1 Во старо време ѕвездите честопати ги сметале за ангели или за други небесни суштества. И обратно: ангелите ги нарекувале ѕвезди.
  2. Откровение 9:11 Абадон на хебрејски и Аполион на грчки значат уништувач.
  3. Откровение 9:21 Или: со вршење магии.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes