A A A A A
Bible Book List

Откровение 6Macedonian New Testament (MNT)

ОТВОРАЊЕ НА СЕДУМТЕ ПЕЧАТИ

1) Коњаник на бел коњ

Кога видов како Јагнето го отвора првиот од седумте печати, се огласи едно од четирите суштества, кое громогласно рече: „Дојди!“ Наеднаш пред мене се појави еден бел коњ. Коњаникот што јаваше на него беше вооружен со лак. Нему му беше даден венец, бидејќи досега победувал, а и сега излезе за да остварува нови победи.

2) Коњаник на црвен коњ

Кога Јагнето го отвори вториот печат се огласи второто суштество, кое извика: „Дојди!“ Тогаш се појави друг коњ, црвен. На коњаникот што јаваше на црвениот коњ му беше даден еден голем меч и му беше дозволено да го одземе мирот од Земјата. И луѓето почнаа меѓусебно да се убиваат.

3) Коњаник на црн коњ

Кога Јагнето го отвори третиот печат, се огласи третото суштество и рече: „Дојди!“ Наеднаш пред мене се појави еден црн коњ. Коњаникот што јаваше на црниот коњ во раката држеше терезија. Потоа чув глас што доаѓаше откај четирите суштества и го кажуваше следното: „Килограм пченица ќе ве чини една дневница[a], три килограми јачмен ќе ве чинат една дневница, а маслото и виното ќе треба да ги штедите!“

4) Коњаник на сиво

-зелен коњ Кога Јагнето го отвораше четвртиот печат, се огласи четвртото суштество, кое рече: „Дојди!“ Наеднаш пред мене се појави сиво-зелен коњ. Коњаникот што јаваше на сиво-зелениот коњ се викаше ,Смрт‘, а во негова придружба беше Адот[b]. Ним им беше дадена власт над една четвртина од Земјата, за да убиваат со меч, со глад, преку болести и преку диви ѕверови.

5) Положбата на мртвите маченици

Кога Јагнето го отвори петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите на луѓето што биле убиени поради нивната вера и проповедање на Божјата порака. 10 Тие гласно Му се обраќаа на Господ: „Свет и верен Господару! До кога ќе ја одложуваш пресудата и одмаздата за нашата крв над жителите на Земјата!?“

11 Тогаш на сите ним им беше дадена бела облека и им беше кажано да се стрпат уште малку време, додека не им се придружат сите другари и сотрудници што ќе бидат убиени како и тие.

6) Катастрофа во Вселената

12 Гледав, понатаму, како Јагнето го отвора шестиот печат. Тогаш се случи силен земјотрес, Сонцето поцрне како црна облека[c], а Месечината поцрвене како крв. 13 Ѕвездите од небото испопаѓаа по Земјата, како што паѓаат смокви под дејство на силен ветер. 14 Небото се свитка како хартија и исчезна, а сите планини и острови се изместија.

15 На Земјата сите цареви, великани, воени команданти, богати и влијателни луѓе, робови и слободни - сите се засолнуваа во пештери и во засолништа под планините. 16 Тие им довикуваа на планините и на карпите: „Урнете се врз нас и затрупајте не, скријте не од лицето на Оној што седи на престолот и од лутиот гнев на Јагнето! 17 Зашто дојде страшниот ден на Нивниот гнев и кој може да го издржи!?“

Footnotes:

  1. Откровение 6:6 Во ориг: еден денариј, што одговарало на еднодневна заработка.
  2. Откровение 6:8 Адот е светот на мртвите, подземниот свет.
  3. Откровение 6:12 Во ориг. како вреќиште- црна облека што се носела во знак на тагување и сл.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes