A A A A A
Bible Book List

Откровение 3Macedonian New Testament (MNT)

5) Порака до мртвата црква во Сард

До гласникот[a] на црквата во Сард, напиши го следново:

„Ова ви го порачува Оној што Го држи седумкратниот Божји Дух и седумте ѕвезди:

Вашите дела Ми се познати. Иако за вас се говори како за живи, вие сте мртви!

Разбудете се и закрепнете го она малку што ви останало, и што е веќе на умирање! Утврдив дека тоа што го правите е далеку од совршено во очите на Мојот Бог! Вратете се на учењето што ви беше предадено и што го чувте на почетокот. Држете се до него и покајте се од вашите гревови. Ако не се разбудите, ќе дојдам кај вас кога најмалку се надевате, како кога упаѓа провалник!

Сепак, некои од вас во Сард не си ги извалкаа облеките во грев. Тие ќе Ме придружуваат во бели облеки, бидејќи се достојни за тоа. Секој што ќе излезе како победник ќе биде облечен во бели облеки; нивните имиња никогаш нема да бидат избришани од Книгата на животот[b]. Кога нивните имиња ќе бидат читани во присуство на Мојот небесен Татко и на Неговите ангели, Јас нив јавно ќе ги признаам за Мои.

Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“

6) До мисионерската црква во Филаделфија

„До гласникот[c] на црквата во Филаделфија напиши го следново:

Ова ви го порачува Светиот, Вистинитиот, Оној што ги има клучевите[d] на Давид, Оној што отвора врати и никој не може да ги затвори, а кога ќе затвори - никој не може да отвори!

Вашите дела Ми се познати. Пред вас поставувам отворена врата што никој не ќе може да ја затвори! Зашто, и покрај малата сила што ја имате, вие останавте послушни на Мојата порака и не одрековте дека сте следбеници на Моето име. Еве, ќе видите што ќе им направам на припадниците на сатанското собрание, тие лажговци кои тврдат дека се Божји народ[e], а не се. Ќе ги натерам да дојдат кај вас и да ви клекнат на колена, за да сфатат дека Мојата љубов е спрема вас!

10 Бидејќи вие бевте послушни спрема Мојата порака и издржавте, затоа Јас ќе ве заштитам од времето на искушение што ќе ги зафати сите жители на Земјата. 11 Ќе се вратам набргу! Задржете го цврсто она што го имате и никој нема да ви го земе венецот што ќе го добиете како награда!

12 Секој што ќе излезе како победник ќе стане столб во Храмот на Мојот Бог. Никој не ќе може да го избрка оттаму! Врз секој од нив ќе напишам дека Му припаѓа на Бог и дека е жител на Божјиот град - новиот Ерусалим, што слегува од небото, откај Мојот Бог. Тие ќе го носат на себе Моето ново име.

13 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“

7) До млаката црква во Лаодикеја

14 „До гласникот[f] на црквата во Лаодикеја напиши го следново:

Ова ви го порачува Тој што е Амин, Верниот Сведок на вистината, Зачетникот[g] на Божјите созданија:

15 Вашите дела ми се познати! Вие не сте ни студени ни жешки! Барем да бевте или студени или жешки! 16 Вака, бидејќи не сте ни жешки ни студени, туку сте млаки - ќе ве изблујам од Мојата уста! 17 Вие велите: ,Богати сме, си имаме напластено големи богатства и ништо не ни треба!‘ Но вие не сте свесни дека сте за жалење: мизерни, бедни, слепи и голи! 18 Ве советувам од Мене да си купите злато во оган пречистено, та да се збогатите; и бели облеки, за да си ја покриете голотијата; и маст за очите, за да прогледате!

19 Јас ги укорувам и ги дисциплинирам сите што ги љубам. Затоа, бидете решителни и покајте се!

20 Еве, Јас стојам пред вратата и тропам. Ако некој Ме чуе и Ми отвори, Јас ќе влезам во неговиот дом и ќе вечераме заедно, како пријатели. 21 Оние што ќе излезат како победници, ќе седат заедно со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и сега заедно со Мојот небесен Татко седам на Неговиот престол.

22 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“

Footnotes:

  1. Откровение 3:1 Буквално: на ангелот. Ангел на грчки значи гласник.
  2. Откровение 3:5 Тоа е Книгата во која се запишани имињата на спасените луѓе. Види и 20:12 и 15.
  3. Откровение 3:7 Буквално: До ангелот. Ангел на грчки значи гласник.
  4. Откровение 3:7 Клучевите се овде симбол на власт над Давидовото царство.
  5. Откровение 3:9 Буквално: кои тврдат за себе дека се Евреи, а не се. Види фуснота кај 2:9.
  6. Откровение 3:14 Види фуснота за стихот 7.
  7. Откровение 3:14 Или: Управителот, Изворот.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes