A A A A A
Bible Book List

Откровение 15Macedonian New Testament (MNT)

Победоносната песна на Јагнето

15 Потоа на небото видов уште една чудесна[a] и величествена глетка. Седум ангели ги носеа последните седум стравотни неволи, со кои ќе се доврши Божјиот гнев.

Потоа видов некои луѓе со харфи во рацете како стојат на нешто што прилегаше на стаклено море измешано со оган. Тоа беа оние што го победија Ѕверот и неговата икона, како и бројот што го претставува неговото име. Тие ја пееја песната што ја пеел Божјиот слуга Мојсеј, и песната на Јагнето, со следниве зборови:

„Величествени и прекрасни се Твоите дела,

Господе, Семоќен Боже!

Праведни и правилни се Твоите постапки, Царе над народите!

Како да не Те почитуваме, Господе,

како да не Го славиме Твоето име!?

Само Ти Си свет,

сите народи ќе дојдат Тебе да ти се поклонат,

зашто се покажа дека Твоите постапки се праведни!“

По ова, забележав дека ширум се отвори Храмот на небото, односно Шаторот на Божјото присуство. Од Храмот излегоа седумте ангели што ги носеа седумте стравотни неволи. Тие беа облечени во чисти, бели облеки од ленено платно, а преку градите беа препашани со златни појаси. Едно од четирите живи суштества му даде на секој ангел по една златна чаша - вкупно седум чаши полни со Божји гнев, од Оној што живее во вечни векови! Храмот бргу се наполни со дим од болскотот и силата Божја и никој не можеше да влезе во Храмот се додека седумте ангели не ги истурија седумте чаши на последните стравотни неволи.

Footnotes:

  1. Откровение 15:1 Или: случка од големо значење.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes