A A A A A
Bible Book List

Матеј 21Macedonian New Testament (MNT)

21 Пристигнувајќи во близина на Ерусалим, дојдоа во градот Бетфага, на Маслиновата Гора, откаде што Исус испрати двајца од Своите ученици, порачувајќи им вака: „Отидете во селото пред вас; таму веднаш ќе најдете врзана магарица со нејзиното младо магаренце. Одврзете ги и доведете Ми ги овде. Ако некој нешто ви приговори, кажете му дека му се потребни на Господарот[a] и тој веднаш ќе ги пушти.“ Ова се случуваше за да се исполни претскажаното од пророкот Захарија:

„Порачајте му на Ерусалим[b]: Еве Го, иде Твојот цар,

понизно јавајќи на магарица и на магаренце -

рожбата на магарицата.“

Учениците отидоа и го извршија она што им го беше заповедал Исус: ги доведоа магарицата и младото магаренце, ги ставија врз нив своите облеки и Исус седна на нив. Голем број луѓе ги постилаа своите облеки по патот; други кршеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа на патот. А народот што врвеше пред Исус, како и оние што одеа по Него, воскликнуваа, извикувајќи: „Спаси не сега[c], Давидов Сине! Благословен е Тој што доаѓа во името Господово! Спаси не сега Ти, Кој доаѓаш од небесните височини!“

10 Кога Исус влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи и почна да прашува: „Кој е Овој?“

11 А народот одговараше: „Овој е пророкот Исус од градот Назарет, во покраината Галилеја!“

Исус го расчистува Храмот

(Мк. 11:15-19; Лк. 19:45-48; Јвн. 2:13-22) 12 Исус влезе во Божјиот храм и ги истера сите кои купуваа и продаваа во храмот. Им ги преврте масите на менувачите на пари и тезгите на продавачите на гулаби, 13 и им рече: „Во Светото Писмо пишува дека Бог рекол:

,Мојот храм нека биде место за молитва[d].‘

А вие го претворивте во разбојничко дувло!“

14 Во храмот Му доаѓаа на Исус слепи и сакати и Тој ги исцелуваше. 15 Но свештеничките поглавари и вероучителите се разгневија кога ги видоа чудата што Исус ги правеше и радосните извици на децата во храмот кои извикуваа: „Спаси не сега[e], Давидов Сине!“ 16 И Му рекоа: „Слушаш ли што извикуваат децата!?“ А Исус им одговори: „Да! Зар во Псалмите не сте го читале ова: ,Усните на малите деца и на доенчињата ќе Ти оддаваат слава, Господе[f]!?‘“

17 Тогаш Исус ги остави и излегувајќи од градот дојде во Бетанија, каде што и ноќеваше.

Проколнување на неплодната смоква: Со вера с

е е можно (Мк. 11:12-14, 20-24) 18 Рано утредента, на враќањето во Ерусалим, Исус огладне. 19 Забележувајќи една смоква покрај патот, се доближи, но бидејќи на неа најде само лисје, ја проколна, велејќи: „Род да нема на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.

20 Вчудовидени од оваа глетка, учениците Го прашаа: „Како можеше смоквата наеднаш да се исуши?“ 21 А Исус им одговори: „Ве уверувам дека, доколку имате вера и не се сомневате, не само што ќе можете да го правите тоа што и се случи на смоквата, туку, ако и на оваа планина и речете: ,Подигни се и фрли се в море!‘ - тоа ќе се случи! 22 Ако верувате, ќе добиете се што ќе побарате преку молитва.“

Прашања за Исусовиот авторитет

(Мк. 11:27-33; Лк. 20:1-8) 23 Кога Исус дојде во храмот и почна да поучува, Му пристапија свештеничките поглавари и народните старешини и Го прашаа: „Со какво право го правиш ова? Кој те овластил?“ 24 Одговарајќи на ова, Исус им рече: „И Јас ќе ве прашам нешто, па ако ми одговорите ќе ви кажам и Јас со какво право го правам ова. 25 Од каде го доби Јован Крстител правото да крштава: од Бога[g] или од луѓето?“ Тие почнаа меѓу себе да си шепотат: „Ако кажеме дека го доби од Бога, ќе ни рече: ,Тогаш, зошто не му поверувавте?‘ 26 Ако пак кажеме дека го доби од луѓето, се плашиме од народот, зашто сите го сметаа Јована за пророк.“ 27 Затоа, тие Му одговорија: „Не знаеме!“ Тогаш Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам кој Ми го даде правото да го правам ова што го правам!“

Споредба со два сина

28 Потоа Исус им рече: „Што мислите за ова што ќе ви го кажам: еден човек имаше два сина. Отиде кај постариот и му рече: ,Синко, ајде појди на лозјето и работи денес таму.‘ 29 Тој му одговори: ,Не сакам!‘ Но подоцна се премисли и отиде. 30 Таткото отиде и кај помладиот син и му го кажа истото, на што овој рече: ,Ќе одам, господине‘, но не отиде. 31 Кој од двајцата ја изврши татковата волја?“ Тие Му одговорија: „Постариот!“ Тогаш Исус им рече: „Ве уверувам дека собирачите на данок[h] и блудниците попрвин ќе доспеат во небесното царство отколку вие! 32 Бидејќи, Јован Крстител дојде кај вас за да ви го покаже патот на праведноста, но вие не му верувавте, додека собирачите на данок и блудниците му веруваа. Дури ни откако го видовте тоа, вие не се покајавте и не му поверувавте.“

Споредба со лозарите

- убијци (Мк. 12:1-12; Лк. 20:9-19) 33 Исус продолжи да им зборува на свештеничките поглавари и на народните старешини: „Слушнете ја и оваа приказна. Си беше еднаш еден домаќин, кој насади лозје, го огради со плот, ископа јама за гмечење на грозјето и изгради чуварска кула. Потоа им го даде лозјето под наем на лозарите, а тој замина на пат. 34 Кога дојде време за гроздобер, тој ги испрати своите слуги кај лозарите, за да му го донесат делот од бербата што му припаѓа како надомест. 35 Но лозарите ги фатија слугите и едни претепаа, други убија, а некои каменуваа. 36 Тогаш сопственикот повторно испрати слуги, овојпат во поголем број, но и со нив постапија на ист начин. 37 Најпосле, сопственикот го испрати својот син, велејќи: ,Белки ќе имаат почит спрема син ми!‘ 38 Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘ 39 Го зграпчија, го исфрлија од лозјето и го убија. 40 Што мислите, како ќе постапи со нив сопственикот на лозјето кога ќе дојде?“ - ги запраша Исус. 41 А тие Му одговорија: „Сигурно ќе ги погуби тие злосторници, а лозјето ќе им го даде под наем на други лозари, кои навреме ќе му го даваат плодот што му припаѓа.“

42 Исус им рече: „Зар не сте читале што вели Светото Писмо:

,Каменот што ѕидарите го отфрлија,

стана камен-темелник.

Тоа го направи Господ,

како прекрасна глетка пред нашите очи[i]!‘“

43 „Затоа“ - им рече Исус - „од вас ќе се одземе Божјото царство и ќе им се даде на луѓе кои донесуваат достоен плод.“

44 („Кој ќе падне врз тој камен ќе се распарчи, а врз кого ќе падне тој камен - ќе го згмечи!“)[j]

45 Слушајќи ги Исусовите споредби, свештеничките поглавари и фарисеите[k] сфатија дека се однесуваат на нив. 46 Затоа, тие сакаа да Го уапсат, но се плашеа од народот, кој Го сметаше Исуса за пророк.

Footnotes:

  1. Матеј 21:3 Или: на нивниот господар.
  2. Матеј 21:5 Во оригиналот: Порачајте и на Сионската ќерка - поетско име за Ерусалим. Цитиран е дел од старозаветната книга на пророкот Захарија 9:9.
  3. Матеј 21:9 Или: Осана! - грчки изговор на хебрејското Хоша-на, што значи „Спаси не сега!“
  4. Матеј 21:13 Иса. 56:7; Ерм. 7:11.
  5. Матеј 21:15 Појаснување во 21:9, фуснота.
  6. Матеј 21:16 Псалм 8:2.
  7. Матеј 21:25 Во оригиналот: од небото.
  8. Матеј 21:31 Појаснување за нив има во Мт. 5:46, фуснота.
  9. Матеј 21:42 Псалм 118:22-23.
  10. Матеј 21:44 Во повеќето ракописи го нема овој стих, но го има во Лк. 20:18.
  11. Матеј 21:45 Појаснување за нив има во Мт. 9:34, фуснота и на крајот од 16-та глава.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes