A A A A A
Bible Book List

Колошаните 1Macedonian New Testament (MNT)

Писмо од апостол Павле

до христијаните во

Колос

Авторство и поздрави

Од Павле, избран од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат по вера Тимотеј,

до христијаните во градот Колос, до нашите пријатели, верни следбеници на Христос.

Бог, нашиот Татко, нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.

Благодарностна и застапничка молитва

Секогаш кога се молиме за вас, Му благодариме на Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, зашто слушнавме за вашата вера во Исус Христос, и за љубовта што ја имате спрема сите Божји луѓе. Вашата вера и љубов се засновани врз надежта што ја имате за она што е подготвено за вас на небото. За тоа слушнавте од вистинитата порака - од Радосната вест. Таа се проповеда по целиот свет и се шири со голем успех, давајќи плодови како и кај вас, од првиот ден кога ја слушнавте вистината и дознавте колку Бог ни е благонаклонет.

Радосната вест ја слушнавте од Епафрас, нашиот драг соработник, човек што верно Му служи на Христос и работи за вас[a]. Тој ни раскажа за вашата голема христијанска љубов што ви ја дал Светиот Дух.

Затоа, уште од првиот ден кога слушнавме, не престануваме да се молиме за вас и да бараме од Бог да ви ја открие Неговата волја за вашите животи. Се молиме да ве исполни со секаква мудрост и разбирање на духовните вистини. 10 Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и се подобро ќе Го запознавате Бог.

11 Се молиме да добивате сила од Божјата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите се што ќе ве снајде 12 и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во Царството на светлината. 13 Тој не извлече од власта на царството на темнината и не пренесе во Царството на Неговиот сакан Син, 14 Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите.

Христос е над с

е 15 Христос е видлива слика на невидливиот Бог.

Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал.

16 Преку Христос Бог ги создаде сите нешта

и на небото и на Земјата:

тоа што се гледа и тоа што не се гледа,

сите престоли и власти,

сите владетели и властодршци,

се беше создадено преку Него и за Него.

17 Тој постои пред се и ги одржува сите нешта.

18 Христос е глава на Црквата, која е Негово тело.

Тој е Почетокот, прв[b] што воскресна од мртвите,

19 зашто Бог одбра во Него

во целост да се всели Божјата природа

20 и преку Него да ги помири со Себе сите,

било да се на Земјата, или на небото,

воспоставувајќи мир преку Својата крв, пролеана на крстот.

21 Тоа ве вклучува и вас што порано бевте отуѓени од Бог и Му бевте непријатели, и во мислите и на дело. 22 Сега, преку телесната смрт на Неговиот Син, Тој ве помири со Себе. Затоа Христос ќе ве претстави пред Бог како свети, непорочни и беспрекорни. 23 Се разбира, ако докрај продолжите да верувате цврсто и непоколебливо, и не отстапите од надежта што ја дава Радосната вест што ја чувте. Јас, Павле, добив задача од Бог да им ја проповедам таа Радосна вест на сите луѓе под небесниот свод.

Павловата служба: проповедање на Радосната вест

24 Страдам, но се радувам, затоа што знам дека вие од тоа ќе имате корист. Мило ми е што со моето телесно страдање и јас придонесувам кон страдањата на Исус за Црквата, која е Негово тело. 25 Бог ми даде задолжение да и служам на Црквата и ме испрати кај вас да ви ја проповедам Неговата порака, во сета нејзина полнота. 26 Со векови оваа порака беше тајна за луѓето, а сега таа им е објаснета на Неговите свети луѓе. 27 Бог го стори ова бидејќи сакаше вие што не сте Евреи да ја разберете таа прекрасна, величествена тајна: дека Христос живее во вас и заради тоа вие со право се надевате дека ќе имате свој удел во Божјата слава.

28 Ние токму за Христос проповедаме и ја употребуваме сета наша мудрост, за да ги предупредиме и поучиме сите луѓе, па сите да станат зрели Христови следбеници. 29 Затоа јас толку напорно работам, користејќи ја силата што Тој ми ја дава.

Footnotes:

  1. Колошаните 1:7 Во некои ракописи: за нас.
  2. Колошаните 1:18 Буквално: Првороден од мртвите.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes