A A A A A
Bible Book List

Евреите 4Macedonian New Testament (MNT)

Да не ги повторуваме грешките од минатото!

Божјото ветување за влегувањето во местото на Неговото спокојство се уште важи, но постои опасност некој од вас да задоцни да влезе, и тоа е сериозна причина за страв. Зашто и ние ја чувме Радосната вест исто како и тие, но таа порака ним не им беше од никаква полза, бидејќи не поверуваа во тоа што им го порача Бог[a]. Само ние што веруваме ќе влеземе во спокојството што го ветува Бог. За тие што не веруваат Бог рекол:

„Разгневен се заколнав: Никогаш нема да влезат

во местото на Моето спокојство[b]!“

Бог го рече ова иако Неговото место на спокојство беше подготвено уште од создавањето на светот. По што, всушност, знаеме дека навистина било подготвено уште од самиот почеток? Па Бог во Светото Писмо за седмиот ден вели вака: „Откако ги заврши сите Свои дела, Бог си отпочина во седмиот ден[c].“ Но на друго место го рече и следново: „Тие никогаш нема да влезат во местото на Моето спокојство[d]!“ Според тоа, Божјото спокојство е отворено за да влегуваат луѓето, но тие што порано ја слушнаа Радосната вест не влегоа, поради непослушност. Затоа Бог повторно определува време кога може да се влезе во Неговото спокојство и тоа време е денес. Бог ова по долго време го објави преку Давид, со веќе претходно цитираните зборови: „Ако денес го слушнете Божјиот глас, не стврднувајте ги вашите срца[e].“

Ако тоа место на спокојство беше земјата Канаан, каде што Јошуа[f] ги одведе, Бог немаше подоцна да зборува за друго место на спокојство. Според тоа, за Божјиот народ ќе има саботна починка. 10 Зашто оние што ќе влезат во Божјата починка ќе се одморат од своите дела, како што Бог се одмори откако го создаде светот.

11 Затоа треба да се потрудиме да влеземе во тоа место на спокојство, зашто секој што Му е непослушен на Бог, како што беа Израелците, ќе отпадне.

12 Божјата порака е жива и делотворна, поостра и од најостриот меч со две сечила. Таа се пробива длабоко во нас, до нашите најдлабоки мисли и намери, соголувајќи ги и душата и духот во нас. Таа не разоткрива точно онакви какви што навистина сме. 13 Никој не може да се скрие од Бог! Се е докрај соголено и разоткриено пред Неговите очи. Пред Него сите ќе полагаме сметка!

Нашиот Првосвештеник е Исус

14 Затоа да се држиме непоколебливо до верата што ја исповедаме, бидејќи Го имаме највозвишениот Првосвештеник - Исус, Божјиот Син, Кој отиде на небото! 15 Нашиот Првосвештеник не е некој што не може да сочувствува со нашите слабости; напротив, имаме Првосвештеник Кој беше искушуван во се, како и ние, но Тој не згреши. 16 Затоа, ние треба да пристапуваме кон престолот на Божјата благонаклоност со целосна доверба. Таму ќе добиеме милост и благонаклоност кои ќе ни бидат од голема помош кога ќе затреба.

Спасението ни е од Христос

Footnotes:

  1. Евреите 4:2 Во некои ракописи: не ја споделија верата со тие што го послушаа Бог.
  2. Евреите 4:3 Цитат од Псалм 95:11.
  3. Евреите 4:4 1 Мој. 2:2.
  4. Евреите 4:5 Пс. 95:11.
  5. Евреите 4:7 Пс. 95:7-8.
  6. Евреите 4:8 Односно: Исус Навин. На хебрејски: Ј’хошуа бен Нун.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes