A A A A A
Bible Book List

Евреите 12Macedonian New Testament (MNT)

Охрабрување за нашата вера

12 Околу нас има толку многу сведоци! Затоа ние треба да го отфрлиме сето бреме што не задржува на патот, а особено гревот, што толку лесно може да не заведе. Истрајно треба да ја трчаме трката која Бог ни ја определи. Погледот треба да ни е вперен во Исус, зашто врз Него се темели нашата вера од почеток до крај. Тој го поднесе срамот кога беше распнат на крст, знаејќи дека Го очекува голема радост и сега седи на почесно[a] место, веднаш до Бог. Помислете само низ што се помина Исус и какви навреди од грешниците истрпе! Затоа и вие не потклекнувајте и не дозволувајте да бидете обесхрабрени! Зашто, во вашата досегашна борба против гревот, се уште никој од вас не настрадал до смрт! Зарем ги заборавивте предупредувачките зборови што ви ги упати Бог како на Свои деца:

„Чеда Мои, сфатете ги сериозно Божјите казнувања

и не обесхрабрувајте се кога Тој ве укорува, зашто,

Господ ги казнува оние што ги сака,

и ги укорува оние што ги прифатил како Свои чеда[b].“

Издржете го строгото воспитување! Бог постапува со вас како со Свои чеда! Кој татко не го дисциплинира своето дете!? Ако сте изземени од укорувањата на кои сите деца се подложни, тогаш не сте вистински чеда, туку незаконски деца! Па и нашите земни татковци не укоруваа, па сепак ги почитувавме! Тогаш, колку повеќе треба да Му бидеме послушни на нашиот духовен Татко, за да живееме! 10 Нашите земни татковци не караа еден кус временски период, како што сметале дека е најдобро. А Бог не кара за наше добро, зашто сака и ние да бидеме свети, како што е и Тој. 11 Ниедно укорување не е пријатно; тоа е дури болно во времето кога го примаме. Но подоцна, оние што се одгледани во дисциплина, ќе пожнеат плод на спокојство и праведен живот.

12 Затоа,

„подигнете ги премалените раце и зацврстете ги треперливите колена[c]!“

13 Чекорете по рамниот пат, за да не се онеспособат слабите и сакатите, туку напротив, да оздрават!

Да не отстапуваме од верата

14 Трудете се да живеете во мир со секого и да живеете свет живот, зашто без светост никој не ќе може да Го види Господа! 15 Бидете внимателни, за никој да не ја испушти Божјата милостива благонаклоност. Да не изрти меѓу вас некој горчлив корен кој ќе вознемири и затруе мнозина! 16 Будно внимавајте некој да не стане блудник или безбожник, како што беше Исав, кој за еден единствен оброк си го продаде првородството[d]! 17 Знаете дека, подоцна, кога тој сакаше да го добие татковиот благослов, беше одбиен. Со ништо веќе не можеше да ја промени[e] својата поранешна постапка, иако со солзи молеше.

Стариот и Новиот завет

18 Вие сега не пристапувате кон материјална планина како тогашните Израелци кон Синај, ни кон разгорен оган, ни кон темни облаци, ни кон луња, 19 ни кон звук на труба, ниту кон силен глас (Израелците слушнаа таков глас, па молеа другпат да не им зборува!) 20 Тие не можеа да ја поднесат заповедта: „Дури и животно ако се допре до планината - да биде погубено со каменување[f]!“ 21 Целата таа глетка беше толку страшна, што и самиот Мојсеј изјави: „Толку сум исплашен што треперам од страв!“

22 Напротив, вие сега дојдовте на гората Сион и во небесниот Ерусалим! Тоа е градот на живиот Бог, полн со свечен собир на неброени ангели. 23 Тука се собрани првородените Божји чеда, чии имиња се запишани на небесата. Тука е Бог, Судијата на целиот човечки род. Тука се и душите на праведниците, кои сега се доведени до совршенство. 24 Тука е Исус, посредникот на Новиот завет меѓу Бог и луѓето, чија пролеана крв ветува многу подобри[g] нешта од крвта на Авел!

25 Значи, внимавајте да не одбиете да Го слушате Бога, Кој ви зборува! Никој од луѓето што не го послушаа Мојсеј, кој овде на Земјата им ја говореше Божјата порака, не се извлече! Колку потешко ќе биде да се извлечеме ние, ако не Го слушаме Оној што ни зборува од небото! 26 Тогаш, кога од гората Синај говореше Бог, земјата се тресеше од Неговиот глас; овојпат, Тој ни ветува: „Повторно ќе ја затресам Земјата, а со неа и небото!“ 27 Зборот „повторно“ недвосмислено значи дека се што е создадено еден ден ќе биде разнишано и однесено. Ќе останат само оние нешта кои не можат да бидат разнишани, а тоа се вечните вредности.

28 Затоа, ние треба да бидеме благодарни што ни е дадено Царство кое не е подложно на никаков потрес! Да Му служиме на Бог со благодарност и на богоугоден начин, со страхопочит и чествување, 29 зашто нашиот Бог е оган што проголтува!

Footnotes:

  1. Евреите 12:2 Буквално: Од десната страна на Бог, што означува почесно место, но и позиција на власт. Види Псалм 110:1.
  2. Евреите 12:6 Стиховите 5 и 6 се слободен цитат од книгата Поговорки (Изреки Сол.) 3:11-12.
  3. Евреите 12:12 Исаија 35:3.
  4. Евреите 12:16 Првородениот син добивал посебен благослов од таткото. Случајот со Исав е опишан во 1 Мој. 25:29-34 и 27:30-40.
  5. Евреите 12:17 Или: да се покае.
  6. Евреите 12:20 2 Мој. 19:13.
  7. Евреите 12:24 Додека крвта на Авел бараше одмазда, крвта на Исус ветува простување.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes