Add parallel Print Page Options

19 Во истиот тој ден, а беше недела[a], кога се стемни, Исусовите ученици се беа собрале зад затворени врати, поради страв од еврејските верски водачи. Тогаш Исус ненадејно се појави, застана на средина и ги успокои со поздрав[b]. 20 Потоа им ги покажа рацете и ребрата отстрана. Кога видоа дека тоа е Господ, учениците многу се израдуваа.

21 Исус повторно ги успокои, пренесувајќи им Го својот мир, а потоа им рече: „Како што Мене Ме прати небесниот Татко, така сега Јас ве праќам вас.“ 22 Откако го рече тоа, Тој им вдахна од Својот Дух, велејќи: „Примете Го Светиот Дух!

23 Ако на луѓето им ги простите гревовите - ќе им бидат простени, а ако не им ги простите - ќе им останат.“

Исус и скептичниот Тома

24 Иако Тома (со грчки прекар Дидимус[c]) беше еден од дванаесетте Христови ученици, тој не беше со нив кога Исус им се појави. 25 Другите ученици го уверуваа: „Го видовме Господ!“ Но тој им велеше: „Додека на Неговите раце не ги видам лузните од клиновите и не ги ставам прстите во раните од клиновите, а раката под Неговите ребра - нема да поверувам!“

26 По осум дена, учениците повторно беа собрани внатре, а овојпат и Тома беше со нив. Иако вратата беше заклучена, Исус дојде, застана насреде и ги успокои со поздрав[d]! 27 Потоа му рече на Тома: „Стави ги своите прсти овде и погледни ги Моите раце; испружи ја раката и стави ја на лузната под Моите ребра. И престани да се сомневаш, туку верувај!“

28 Тогаш Тома Му се обрати со зборовите: „Ти Си мојот Господ и мојот Бог!“

29 А Исус му рече: „Ти поверува затоа што Ме виде; благословени се оние што веруваат, иако не Ме виделе!“

Read full chapter

Footnotes

  1. Јован 20:19 Буквално: првиот ден по саботата.
  2. Јован 20:19 Веројатно со вообичаениот еврејски поздрав Шалом алејкхем = Ви посакувам мир.
  3. Јован 20:24 Обете имиња - грчкото Дидимус и еврејското Т’ома, значат - близнак.
  4. Јован 20:26 Шалом алејкхем. Види ја фуснотата кај стихот 19.