Add parallel Print Page Options

Трето писмо од апостол

Јован

Авторство и поздрави

Од старешината Јован, до мојот драг пријател Гај, кого искрено го сакам.

Драги пријателе, ти посакувам се добро да ти оди, да бидеш телесно здрав, како што си духовно јак.

Многу се израдував кога некои од христијаните дојдоа кај мене и ми потврдија дека ти си на страната на вистината и чекориш по вистинскиот пат. За мене нема поголема радост од тоа да слушнам дека моите чеда чекорат по вистинскиот пат.

За заемното помагање меѓу христијаните

Драги пријателе, добро правиш што се грижиш и за други христијани, особено за дојдените од други места. Тие пред сите нас во црквата раскажаа за твојата љубов. Добро ќе сториш ако ги испратиш на начин како што прилега пред Бог, бидејќи тие патуваат заради Исусовото име, а не примаат никаква помош од оние што не се христијани. Заради тоа треба да покажеме гостоприемство спрема таквите луѓе, та и ние да земеме учество во ширењето на вистината.

Јас им напишав едно кратко писмо на луѓето во црквата, но Диотреф, кој сака да биде водач меѓу нив, не не признава нас. 10 Затоа, ако дојдам, ќе го прекорам за тоа што го прави, напаѓајќи не злобно и неправедно. И тоа не му е доволно, па не само што самиот не ги прифаќа христијаните што доаѓаат во посета, туку и оние што би сакале да ги прифатат ги спречува и ги исклучува од црквата!

11 Драги пријателе, немој да земаш пример од оние што прават зло! Земи ги за пример оние што прават добро! Оној што прави добро е Божјо чедо, а оној што прави зло покажува дека не Го познава Бога.

Признание за Димитри

12 За Димитри сите зборуваат добро. Тоа се потврдува со вистинската порака што тој ја проповеда. И ние имаме добро мислење за него, а ти знаеш дека ние сме искрени.

Поздрави

13 Сакам уште многу нешта да ти кажам, но не сакам вака со перо и мастило. 14 Се надевам дека наскоро ќе те видам и лице в лице ќе си поразговараме.

15 Божјиот мир нека биде со тебе!

Те поздравуваат пријателите. Поздрави ги и ти оние што ни се пријатели, секого поименично.