A A A A A
Bible Book List

2 Коринќаните 9Macedonian New Testament (MNT)

2) Доброволни прилози од Коринт за христијаните во Ерусалим

Излишно е да ви пишувам дека треба да собираме помош за христијаните во Ерусалим. Знам дека вие сте готови да помогнете. Со гордост им зборував на христијаните во Македонија дека вие, христијаните од Ахаја, уште од лани бевте подготвени да дадете доброволни прилози. Токму вашата ревност ги поттикна и нив. Затоа сега бидете подготвени, зашто ги испраќам браќата кај вас; да не испадне дека напразно сме ве фалеле! Можеби ќе дојдат со мене и неколку Македонци. Ако видат дека вие не сте подготвени, јас би се засрамил, затоа што изразив голема доверба спрема вас. Вие уште повеќе би се засрамиле. Значи сметав дека е неопходно да ги замолам браќата да дојдат кај вас пред јас да дојдам, и да ги соберат прилозите што вие уште отпорано ги ветивте. Така тоа нема да биде изнуден прилог, туку великодушен подарок од вас.

Едно сакам да ви припомнам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; кој штедро сее, штедро и ќе жнее! Секој нека даде онолку колку што самиот ќе реши, без да му биде жал или сосила да се принудува. Бог ги сака оние што даваат со радост. А Бог може толку изобилно да ве благослови, така што секогаш ќе имате доволно од се што ви треба, па од изобилието ќе можете да правите разновидни добри дела. Како што е напишано во Светото Писмо:

„Дарежливиот човек

на сиромасите штедро им дава,

праведноста негова

ќе се памти довека[a]!“

10 Бог, Кој обезбедува семе за сеидба, ќе обезбеди и леб за прехрана. А така ќе ви создаде и многубројни можности да сеете добри дела, па плодовите од вашата праведност ќе бидат обилни.

11 Ќе ве направи богати во се, така што уште поштедро ќе можете да давате. Кога ќе им ги однесеме вашите дарови на оние што се во скудност тоа ќе ги поттикне од се срце да Му се заблагодарат на Бог. 12 Зашто, извршувањето на оваа служба, освен што ќе им ги исполни потребите на христијаните во Ерусалим, во исто време ќе поттикне изливи на благодарност спрема Бог. 13 Значи, тие ќе Му оддадат слава на Бог благодарение на тоа што вие на дело се докажавте во оваа служба. Тоа ќе им биде доказ дека вие навистина живеете според принципите на Радосната вест од Христос, која вие ја исповедате и поради која толку штедро давате и за нив и за сите. 14 Тие со голема љубов ќе се молат за вас, затоа што Бог токму преку вас им покажа колку милосрдно им е благонаклонет.

15 А сите ние сме Му благодарни на Бог за Неговиот дар[b] што со зборови не може да се искаже.

Footnotes:

  1. 2 Коринќаните 9:9 Псалм 112:9.
  2. 2 Коринќаните 9:15 Зборот дар овде веројатно се однесува на Исус, Кого Бог ни го дарува како Спасител.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes