A A A A A
Bible Book List

2 Коринќаните 8Macedonian New Testament (MNT)

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ ВО ЕРУСАЛИМ

Драги пријатели христијани во Коринт, сакаме да ве известиме за Божјата милосрдна благонаклоност кон црквите во Македонија. Тие поминаа низ големи искушенија и низ многу неволи, но нивната радост е толку голема што, и покрај нивната голема сиромаштија, тие се многу дарежливи. Јас сум сведок дека тие дадоа толку доброволни прилози колку што им се можностите, па и повеќе. Многу не молеа да им дадеме можност и тие да се вклучат во собирањето доброволни прилози за помош на христијаните во Ерусалим. Направија повеќе отколку што очекувавме. Прво самите себе Му се предадоа на Господ, а потоа ни се предадоа и нам, следејќи ја Божјата волја.

Затоа го замоливме Тит, кој од порано ја започна оваа служба на милосрдие меѓу вас, да се врати кај вас и да ја доврши. Како што вие во многу нешта се истакнувате и имате: вера, проповедници, знаење, сериозен однос, љубов спрема нас[a], така погрижете се и вашата милосрдна дарежливост да не заостане. Ова не е наредба, туку, гледајќи ја ревноста со која другите и пристапуваат на оваа задача, сакам да проверам колку е искрена вашата љубов.

Вие знаете каков милосрден дар ни даде нашиот Господ Исус Христос! Иако беше богат, заради вас Тој стана сиромашен, та преку Неговата сиромаштија вие да станете богати.

10 Пред една година вие први почнавте да давате прилози и го правевте тоа од се срце. Затоа ви препорачувам сега да го довршите тоа дело; тоа ќе биде добро и за вас. 11 Довршете ја оваа работа со истата ревност со која и ја започнавте. Дајте толку колку што можете. 12 Ако постои добра волја, таа се цени според можностите на секој дародавател. Никој не очекува да дадете нешто што немате. 13 Не велам давајќи за другите, вие да западнете во невола, туку повикувам на еднаквост. 14 Сега, кога вие имате во изобилие, треба да им помогнете на оние што се во немаштија, па кога тие ќе имаат во изобилие, а вие ќе бидете во скудност, тие вам да ви помогнат, па така да постои еднаквост меѓу нас. 15 Сетете се што пишува во Светото Писмо:

„На оној што собра многу

ништо не му преостана,

а на оној што собра малку,

сепак, му достаса[b].“

1) Апостол Павле препорачува хуманитарни работници

16 Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас. 17 Тој, не само што ја прифати нашата молба да дојде кај вас, туку одвај чекаше што побрзо да тргне на пат! 18 Со него ви испраќаме уште еден наш брат кој е проповедник на Радосната вест, и ужива голема почит меѓу сите цркви. 19 Освен тоа, тој е одбран од црквите да патува со нас кога ќе ги носиме доброволните прилози во Ерусалим[c]. Тоа дело е за слава на Господ и ја покажува нашата готовност да помогнеме.

20 Ќе патуваме заедно, за да не му дадеме никому повод да не озборува дека сомнително располагаме со овие вредни дарови, 21 зашто сакаме да бидеме чесни не само пред Господ, туку и пред луѓето.

22 Со нив ви испраќаме и еден наш брат чија искреност повеќепати сме ја провериле во многу работи. Тој сега уште повеќе сака да помогне, зашто има голема доверба во вас. 23 Ако некој се распрашува за Тит, кажете му дека тој е мој другар и соработник во мојата служба меѓу вас. Што се однесува до браќата што ќе го придружуваат, тие се претставници[d] на црквите. Тие се прекрасен пример како треба да се работи за слава на Христос. 24 Покажете љубов спрема нив, за да видат црквите дека ние со право се гордееме со вас.

Footnotes:

  1. 2 Коринќаните 8:7 Во некои ракописи: нашата љубов спрема вас.
  2. 2 Коринќаните 8:15 Цитат од 2 Мојсеева 16:18.
  3. 2 Коринќаните 8:19 Потсетете се на ова во Првото писмо до христијаните во Коринт 16:3-4.
  4. 2 Коринќаните 8:23 Во грчкиот текст: апостоли.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes