A A A A A
Bible Book List

2 Коринќаните 4Macedonian New Testament (MNT)

Храбри Христови пратеници

Затоа сега, кога како израз на Божјата милост ја добивме оваа служба, ние не се обесхрабруваме. Се откажавме од сите подмолни и срамни работи. Не се служиме со итрини и не го извртуваме Божјиот збор, туку јасно, пред Бог, му ја откриваме вистината на секој човек, оставајќи му ја одлуката на неговата совест.

Ако Радосната вест што ние ја проповедаме е скриена од некого, тоа е јасен знак дека тој се определил за пропаст. Но на таквите Сатаната, богот на овој зол свет, им го заслепил разумот и тие не можат да го видат прекрасниот сјај на Радосната вест што ни доаѓа од преславниот Христос, Кој, како слика, точно Го одразува самиот Бог.

Ние не се истакнуваме себеси, туку проповедаме дека Исус Христос е Господ, а ние сме ви на услуга, заради Исус. Зашто Бог, Кој рече: „Нека се појави светло во темнината[a]!“, Тој ги просветли и нашите срца, за да согледаме дека Неговата слава се одразува во ликот на Исус Христос.

Но ова скапоцено богатство го носиме во обични земјани садови, односно во нашите смртни тела. Така на сите им е јасно дека оваа величествена сила доаѓа од Бог, а не од нас.

Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени. Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж. Прогонувани сме, но Бог не не оставил. Не соборуваат наземи, но не сме уништени. 10 Преку страдањата на овие наши тела, ние постојано учествуваме во смртните страдања на Исус, за да се види и Неговиот живот во нашите тела.

11 Живееме под постојани закани дека ќе не убијат поради тоа што проповедаме за Исус, за да може Исусовиот живот да се пресликува во нашите смртни тела. 12 И така, додека смртта си ја покажува силата против нас, вечниот живот ја покажува својата сила во вас[b].

Надеж во воскресението

13 Ние ќе продолжиме да проповедаме, бидејќи и ние ја имаме истата вера што ја имал псалмистот кога рекол: „Верував во Бог и затоа зборував[c].“ 14 Знаеме дека истиот оној Бог, Кој Го воскресна Господ Исус, и нас ќе не воскресне. Потоа, и нас и вас, заедно со Исус, ќе не доведе кај Себе. 15 Сето ова е за ваша полза. Така се повеќе и повеќе луѓе ќе дознаваат дека Бог дарежливо им е благонаклонет и ќе Му искажуваат благодарност, а Бог се повеќе ќе се прославува.

16 Затоа ние не се обесхрабруваме. Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас[d] секојдневно се обновува. 17 Овие мали и привремени тешкотии низ кои минуваме ќе ни донесат неизмерна слава што ќе трае вечно. 18 Затоа ние не се сосредоточуваме на она што сега се гледа, туку на придобивките што допрва ќе се видат. Зашто се што е сега видливо е привремено, а тоа што еден ден ќе го видиме е вечно.

Footnotes:

  1. 2 Коринќаните 4:6 1 Мојсеева 1:3.
  2. 2 Коринќаните 4:12 Буквално: Во нас работи смртта, но затоа во вас има живот/
  3. 2 Коринќаните 4:13 Пс. 116:10.
  4. 2 Коринќаните 4:16 Буквално: Иако нашата надворешност пропаѓа, нашата внатрешна природа секојдневно се обновува.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes